МУЗЕЈОТ НА ПИЕДЕСТАЛ

Заводот и Музеј Прилеп се закити со наградата Музеј на годината за 2011 година, што за 18 мај - денот на музеите, традиционално ја доделува Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите. Престижното признание се додели заради ....
ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ ВО ЕДНО СПЛОТЕНИ

Гимназијата е едно од најстарите средни училишта не само во градов, туку и во државава. Основана е 1944 г. Оттогаш го носи името на македонскиот револуционер Мирче Ацев, чиј живот завршил на 04.01.1943 г. За 67 години, од гимназиските клупи излегле успешни ....
"ГОЦЕДЕЛЧЕВЦИ" МАЈСТОРИ ЗА ENTER
Шестоодделенките Ева Касниоска, Инес Лесноска и Исидора Овезоска не оставиле празно место на подиумот за наградени на државниот натпревар по информатика во Радовиш. “Ршум” направиле со апликативниот софтвер и на тестовите, па првото за ....
НАШ МЕД ЗА ЈАПОНСКИ ДЕСЕРТ
Јапонска делегација од фирмата Ѕаmаdа Бee Фаrm покажала интерес за увоз на мариовски мед, оти дознале дека е еколошки најздрав без никави примеси. По еднодневната посета на Прилеп и средбата со градоначалникот ...
ВЕТЕРАНСКИ РАКОМЕТЕН СПЕКТАКЛ В СРЕДА

Долгоочекуваниот спектакл - ревијалните ракометни мечеви на ветеранките од Тутунски комбинат против Скопје, односно ветераните на Тутунски со некогашните репрезентативци на Македонија, е в среда (17 и 18, 30 ч.), во салата “Сонце”. Интересот е огромен поради враќањето на спомените на добрите времиња ...
НАЈБИЗНИСМЕНИ ВО ИЗБОР НА ЗЕНИТ
Во организација на неделниот весник Зенит и Регионалната стопанска комора од Прилеп во ресторанот Сонце се избраа најдобрите бизнисмени за минатата година. Традиционалната манифестација се организира да го ...
Ја започнавме петката. Петта година, откако излегува Зенит. А ако петката е синоним на успех, тогаш сигурно неделниот весник може да се пофали со нагорна линија. Од 4 мај наваму во главата на весникот гордо е испишана петка. Зад себе има над 200-тини броеви и 4 годишно функционирање.
И покрај сите турбуленции во бизнис климата, неделникот Зенит го пронајде курсот на пазарно опстојување. Единствената формула за успех, сте Вие, почитувани читатели, затоа што во петочното четиво пронајдовте интересни информации, содржини, приказни. Излегувањето на Зенит се должи и на професионалната релација, со деловните партнери, градејќи мегдан за долгогодишна соработка.
Уредувачкиот тим на Зенит, уверува дека ќе остане на принципите на новинарството за објективно и навремено информирање во иднина.
Ви благодариме, пријатели на Зенит!

Во минатиот број одговорот беше АМАНЕТ. При електронскиот избор, најсреќен беше Владо Трајкоски, кој со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре. Продолжете да бидете добри енигматичари и сладете се со вкусен локум од Каре.