|
|
|
| ПРВИОТ БРОЈ |
|
Првиот број на локалниот неделникот „Зенит“ од Прилеп излезе на 2 мај 2008 година. Од првиот примерок се етаблира на прилепскиот пазар како печатен медиум со граѓанско-либерална ориентација, но и како весник кој ги следи и објавува, респектира и потсетува традиционалните вредности.
Редакцијата на „Зенит“ со сите нејзини изданија брзо стана една од најдобрите редакциски куќи во Прилеп.Според сите релевантни истражувања, неделникот стана омилено четиво во многу семејства во Прилеп. Предизвикува интерес кај сите групи.
Составен е од рубриките политика, бизниц, пулс, живот, култура, спорт, празник, судбини и око. Се печати на 12 страници во црно бела техника и се продава за пет денари. За „Зенит“ пишуваат истакнати социолози, политиколози, професори, политичари, економисти, писатели, културни работници од Прилеп.
Во редакцијата на „Зенит“ работат неколку искусни новинари, фоторепортери, технички уредници. Повеќето новинари се веќе добропознати имиња за прилепските читатели. „Зенит“ досега ја организираше манифестацијата за ,,Избор на најдобара спортист на годината на Прилеп,, на која додели награди.
Со основањето, редакцијата создаде и добра дистрибуција. Денес, изданијата на „Зенит“, се дистрибуираат на повеќе од 50 продажни места во Прилеп и преку 15 фирми, каде го околу две илјади семејства од Прилеп. Основачи на весникот се Љупчо Мургоски и Светлана Ристеска. |
Ја започнавме петката. Петта година, откако излегува Зенит. А ако петката е синоним на успех, тогаш сигурно неделниот весник може да се пофали со нагорна линија. Од 4 мај наваму во главата на весникот гордо е испишана петка. Зад себе има над 200-тини броеви и 4 годишно функционирање.
И покрај сите турбуленции во бизнис климата, неделникот Зенит го пронајде курсот на пазарно опстојување. Единствената формула за успех, сте Вие, почитувани читатели, затоа што во петочното четиво пронајдовте интересни информации, содржини, приказни. Излегувањето на Зенит се должи и на професионалната релација, со деловните партнери, градејќи мегдан за долгогодишна соработка.
Уредувачкиот тим на Зенит, уверува дека ќе остане на принципите на новинарството за објективно и навремено информирање во иднина.
Ви благодариме, пријатели на Зенит!

Во минатиот број одговорот беше АМАНЕТ. При електронскиот избор, најсреќен беше Владо Трајкоски, кој со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре. Продолжете да бидете добри енигматичари и сладете се со вкусен локум од Каре.