PDF Печати Е-пошта

Прилеп се “сроди” со украински Чернигов

Градоначалникот Марјан Ристески и неговиот колега од украинскиот град Чернигов потпишаа спогодба за збратимување на двата града при посетата на политичко - бизнис делегацијата од Прилеп на Украина. Претседателот на регионалната стопанска комора, Симон Наумоски стави потпис на договор за соработка меѓу стопанските комори на Прилеп и Чернигов. Спогодба за соработка парафираа и претставници на економските факултети од Прилеп и украинскот град со 300 илјади жители. Извршниот директор на Комората, Ристо Најдоски вели дека бизнисмените ќе ја искористат единствената спогодба на Украина со Македонија за слободна трговија. Договорено е да се покрене иницијатива на двете држави за меѓусебно признавање на сертификатите за фито и санитарна инспекција. Се очекува конфекцијата Кули да воспостави соработка за набавка на текстилни материјали за производството и да стане претставник за материјалите на Балканот. Домашните бизнисмени се интересираа за белиот мермер на Мермерскиот комбинат, не само за својот пазар, туку и за Молдавија, Казахстан и Азербеџан. На Витаминка í се отвара можности за воспоставување соработка со договорот за слободна трговија. Деловните луѓе од Чернигов покажаа подготвеност да купуваат тутун од ориентален тип и побарале мостри за проби - вели Најдоски. Делегација ја оствари средбата во соработка со амбасадата на Македонија во Украина и Министерството за надворешни работи.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

За Свети Никола

Стопанска банка готви 60 илјади сарми

Овогодишниот домаќин на традицоналната прослава на големата трепеза на плоштадот на празникот Свети Никола, Стопанската банка од Скопје, веќе на големо се подготвува да ги нагости граѓаните. Големата порција од 60 илјади сарми колку нокт ќе се густира со забавувачите под отворено небо Миле Кузманоски и Елена Петреска. Регионалниот директор на Стопанската банка, Стевче Димески, вели дека персоналот на ресторанот Сонце засилен со членови на женските здруженија ќе го приготвуваат гоштевањето. Да се одржи адетот, ќе се сервираат 250 килограми пржени риби, над 200 килограми грав, околу 80 килограми ориз ќе биде завиткан во мали сармички со 1200 килограми расол. Сето тоа ќе се залива со сто литри ракија, два ипол тони вино и неколку стотина литри кисела вода и сокови - вели домаќинот Димески, кој најавува многу гости од земјава, кои се деловни партнери на банката. Дознаваме дека Банката ќе го предаде домаќинлакот на сопственикот на конфекцијата Комфи Ангел, Ирена Јакимоска.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

SONCE_GA.jpg

Присутни гости

Има 11 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп