|
Славчо Ковилоски, енциклопедија за македонските револуционери
На јаве сите македонски патриоти
“Македонија - кратка енциклопедија револуционери” е душевна сатисфакција, оти досега никој не собрал сили за вакво дело. По 60 и кусур години македонска држава, среќен сум што ми успеа, иако сум релативно млад човек”. Вака вели историчарот Славчо Ковилоски, чие дело ќе биде промовирано во понеделник од 19 часот во Библиотеката. Книгата е производ на богатото историско минато и борбите на Македонецот против Османлиската власт. Во одреден момент, борбата резултирала со појавата на Македонската Револуционерна Организација. Се појавиле многубројни чети, составени од прекалени борци против ропството, но и против странските пропаганди. На едно место се собрани и обработени животите и делата на револуционерите од Илинденскиот период. Првпат се нуди преглед на учесниците и борците од создавањето на МРО и Илинденското востание - вели авторот. Забележани се имиња на повеќе од илјада револуционери со преку 400 фотографии. Првпат се изнесуваат податоци и фотографии од некои понепознати револуционери. Со сета физичка и психичка моќ комплетно се оддадов на обработка на материјалите две години. Претставени се биографиите на локалните борци од Дине Абдураман (леринско-костурскиот крај) и Ставре Гогов (Вевчани), па сé до идеолозите на македонското ослободително дело Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Даме Груев, Пере Тошев и др. Има и дејци кои оставиле неизбришлива трага во револуционерното движење и во колективната свест, како Никола Карев, Питу Гули, Апостол Петков или Апостол војвода, Јордан Пиперката итн. Консултирав бројни извори и богата библиографска граѓа и литература. Акцент ставив на описите на револуционерите од нивните современици, кои фрлаат нова светлина за нивните физички и психолошки карактеристики. Не сакав да изнесам суви факти, туку енциклопедијата да добие почовечен тон со исказите на современиците. За некои, нивните соборци не штеделе зборови. Тие се опишани и физички и психички. За некои, пак, постојат само оскудни фактографски податоци. На ум ги имав сите области и населени места од Македонија во нејзините граници од пред почетокот на Балканските војни (1912/13 год.), обрнувајќи внимание да бидат застапени рамномерно. Застапени се и жените револуционерки, кои зеле учество во движењето, но и оние жени кои помагале. Дадени се и неколку двојки, односно револуционери кои дејствувале во тандем - истакнува Ковилоски, кој е автор и на книгата за Крал Марко. Енциклопедијата што ја издаде Библиотеката ќе биде претставена во и во Скопје.
|
|
Изложба на дела од Мирослав Стојановиќ - Шуки
Изложба на 20 дела во комбинирана техника, работени во периодот 2010 - 2011 година од Мирослав Стојановиќ - Шуки, ќе биде отворена вечерва во галеријата на ЦК “Марко Цепенков”. Уметникот се инспирирал од збирката поезија на пријателот Дџабир Дерала “Деатх њас ин мѕ роом” во која се обработени темната страна на индивидуата, стравот, паранојата, паниката, тежината. Стојановиќ чувствувал повик да даде сопствена верзија на поезијата, преведена во медиум на цртеж. Притисокот на графичката преса како да ја симболизира тежината и инпактот на емоции врз психата и умот, додека со дополнителни интервенции се создава рационализација и средување. Мракот не е нужно да носи негативен предзнак. Тој е непресушен извор на инспирација и единствен облик на контрола на рационалното - потенцира сликарот. Стојановиќ дипломирал на ФЛУ во Скопје во класа на професорот Ристо Калчевски во 1990 година. Живее и работи во Скопје. Реализирал повеќе самостојни и групни изложби. Учествуваше на ликовната колонија “Дрен”. |
|
Промоција на збирката”Мисија”
Книгата поезија “Мисија” која е првенец на младата Теодора Силјаноска, ќе доживее промоција в понеделник на пладне во Библиотеката. Во првата стихозбирка пишува за неповторливата и хумана личност на Тоше и на неговиот бескраен дух. Силјаноска, која свири виолина и е добитник на награда за најдобар цртеж на конкурс во Франција, потенцира дека во збирката пишувала како што чувстувало нејзиното срце. |
|
НУЦК ,, Марко Цепенков,,
Репертоар на Театарот
Петок, 9 декември
,,Калигула,,
19.30 часот
Сабота, 10 декември
,,Мангите пијат чај,,
19.30 часот |
|