PDF Печати Е-пошта

ОУ “РАМПО ЛЕВКАТА”

Храм за собирање знаење

Дворот како парк, фасадата небаре виножито, а опремата и екстериерот комплетно обновени

Нема човек кој не ќе биде вчудоневиден и восхитен ако го спореди сегашаниот амбинет и поранешниот на ОУ “Рампо Левката”. Промената е очигледна. Училиштето се “прероди” и се претвори во храм за собирање знаења со ангажманот на учениците, наставниците, помошниот персонал, и, најмногу, од првиот човек, директорот Соња Блажеска. Целосно е реконструирано од “глава до петици”. И внатре и надвор е дотерано, небаре ново училиште. Остава впечаток колоритната фасада со свежи бои на виножито. Тоа í дава на зградата привлечен изглед. Свежината секогаш зрачи ведрина, расположение, оптимизам. Практично, не само со екстериерот, туку и со ентериерот се создава клима на пријатно катче за учениците, но и за родителите и наставниците. Дворот е целосно обновен. Обложен е со плочки, поставени се клупи, корпи за отпадоци и засадени зимзелени садници и трева кои целосно го облагородуваат просторот и му даваат нов лик.

Украсени ходници

Меѓу крупните зафати за позначајни се - смената на покривот на, целосната замена на дограмата, новата канализациска мрежа, опремената фискултурна сала со нови соблекувални со тушеви, фитнес сала. Ходниците се светли уредени со посебно опремени дела на секциите. Декорирани се ѕидовите со творештвото на децата од ликовната, литературната, фото и еко секцијата. Изложувањето на трудови ги мотивира не само авторите за нови креативни ангажмани, туку се поттикнуваат другите да се разбудат и да го изразат талентот. Со естетското разубавување, училишетото не се разликува од оние на Запад. Училниците се светли и пространи. Ги исполнуваат стандардите за современ воспитно образовен процес. Опремени се со нови клупи, столчиња, а родителите донирале пердиња. Тоа е потврда на климата за заедништвото и соработка меѓу наставниците и родителите. Плод на соработката со родителите е и набавката на разглас за потребите на училиштето.

Да се постигне ова секако потребни се големи напори и материјални вложувања.

- Ја акцентирам соработката со градските власти. Со државниот проект “Компјутер за секое дете”, училиштето, односно и децата и наставниците се обезбедени со компјутери. Олеснета е наставата, но и на децата им е овозможено следење на современите инфроматички текови. Паралелно, се обучуваат наставниците да бидат во дослух со новините, кои се имплементираат во наставниот процес - вели директорот Соња Блажеска.

Во подрачното училште во селото Селце се преземени зафати за реконструкција на училиштето. Тоа и не заостанува од централното. Се сменува дограмата, комплетно е заменет инвентарот со нови столчиња, клупи, потоа поставен е нов под, обновени се и ѕидовите, таваните, санирани се санитарните јазли, така што преостанува да се уреди уште училишниот двор.

Ред и хигиена

Одлика на училиштето е почитувањето на правилата за хигиена и дисциплина. Така опаѓа бројотна изостаноци. Веќе се под ланското ниво. Од влезот се чувствува работна атмосфера, која ги инспирира децата за постигнување повисоко резулатати, а со тоа и повисоки оценки. Тимската работа е гаранција за успехот. Родителите се секогаш подготвени за соработка. Затоа и просветниот инспектор, после контролата, дал високи оценки за сите елементи. Како круна на сето тоа дојде и највисокото општинско признание. Училиштето ја доби Третоноемвриската награда. Признанието е потврда за напорите но и нова обврска за поставување на уште повисоки мерила за квалитет во сите фази од воспитниот процес, но и во менаџирањето и ефектите од тоа. Обединетите деца и наставници реализираат проекти со невладиниот сектор и со државните институции. И раководството беше вклучено во повеќе тимови за спречување на трговија со луѓе. Училиште е единствено кое е дел од проектот за превенција од конфликти во локалната заедница. Формирана е комисија од 11 члена од наставници, родители и стручните соработници за спречување на појавата на конфликти во локаланата заедница. Спроведени се повеќе обуки за справување со конфликтите и 120 прашалници во урбаната заедница како резултат на кои се изготви акционен план за спречување на конфликтите. Новина во учебната 2011/2012 година е пилот проектот за воспоставување на моделот “Дете - правобранител” за заштита на детските права. Концептот се реализира со НВО СЕГА и Народниот правобранител. Детето правобранител ќе има обврска да препознава повреда на детските права и да ги пријавува до заменикот - народниот правобранител и до училишниот кадар, задолжен за решавање на тие проблеми. Детскиот правобранител има двајца заменици - деца правобранители.

И доттука не се мирува. Се организира “Отворен етно ден” во соработка со НВО, како начин на промоција на заборавените македонски занаети. Лани акцент беше ставен на македонските занаети, а годинава на традиционалните македонски јадења, специфични за време на славите во пост. Манифестација станува препознатлива и добива димензија на традиционалност. Масовноста сведочи за успешноста. Потврда за тоа е присуството од околу 100 учесници, ученици, Комисијата за спречување на конфликти, родители, претставници од НВО Мајка традиција и учениците од музичкото училиште. Етнологот Александар Цветкоски го објасни значењето и почитувањето на традицијата, а ѓаконот Роберт Илиески се осврна на улогата на верата во почитувањето на традиционалните вредности и значењето на посните слави од кои Св. Никола во Прилеп е најмасовна. Драматизацијата на учениците на тема дочек на посна слава и прикажаниот конфликт меѓу младите и повозрасните во почитувањето на традиционалните вредности беше одличен вовед во дискусија.       Атмосферата ја надополни иконографијата на просторијата со народни носии, додека децата изведуваа песни на народни иснтрументи. Дегустацијата на традиционаланите посни манџи беше “шлаг на тортата”. Проектот претставуваше вистински предизвик на откривање на улогата и можностите на училиштето за превентивно делување и спречување на конфликтите во локалната средина.

Училиштето е вклучено и во проектот за интеграција на еколошката едукација во воспитно образовниот процес, а годинава аплицираше за зелено знаме. Задоволува соработката со НВО во промоција на етичките вредности и претставувањето на новите зафати во поинакво светло. Континуирана е соработката со здружението на цивилни инвалиди од Прилеп, Крушево и Македонски Брод со кое под мотото “Војната долго се осветува”, неколку години се организира литературно читање. Секоја година се организира новогодишен и велигденски панаѓур со детски изработки, се организираат приредби за родителите за патрониот празник, за денот на жената итн. Забележително е учеството на општинските манифестации како што е карневал Прочка, Денот на дрвото, 11 Октомври и сл. За издвојување се успесите на натпреварите од регионален и државен карактер. Андреј Мојсоски лани освои трето место на државниот натпревар на млади техничари, потоа Тамара Најдоска освои прва награда на општинскиот натпревар млади библиотекари. Прва награда на општинскиот противпожарен натпревар доби екипата од ОУ “Рампо Левката”, прво место освои и Наташа Паноска на општинскиот натпревар за најдобар расказ, насловен “Исти, а сепак различни”, прво место забележа и училишниот хор на општинскиот натпревар како и многу други награди на општински и регионални натпревари. Годинава Стефани Петреска од 7 а одделение ја доби првата награда во Битола на литературниот конкурс на тема, “Не сакам дрога”.

Едноставно, училиште е пример за добро фунционирање, а соработката на наставниот кадар е една од силните страни.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

Logo Prilep 72.jpg

Присутни гости

Има 9 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп