PDF Печати Е-пошта

Дружба на ракометните легенди

Некогашните ракометни првотимци на Тутунскиот комбинат, имаа дружба во весело расположение за потсетување на старите добри времиња. Гостин беше соиграчот од пред три децении, велешанецот Никола Бисинов. За убавите спомени зборуваа со часови. Во поранешната втора југословенска лига, Тутунски важеше за силен тим, претендент за врвот. Малку недостасуваше да се најде во елитната конкуренција. Легендите не го одминаа муабетот за потребата од сениорски клуб. На дружбата беа Тошко Арапчески, Гоце Бозароски, Ангеле Гулески, Стеван Николоски, Петар Кузманоски, Влатко Коруноски, а се приклучија и помлади, како Орде Илиоски, Томче Петрески, Петар Велјаноски...

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Нема сиџимџии

Поштук фатија ортомџии. Од многуте фамилијарни занаети со ортомите, исчезна пред неколку години и последниот наследник, кој се бореше со времето и се обидуваше да ја одржи семејната традиција со производство на ортоми во дуќанот во пазарот. Занаетотот отиде во “неврат” заедно со добитокот. Малкуте сопственици на стока ги колосуваа коњите, магарињата и кобилите на пасење по селата со други сиџими. Ортомите и јажињата од различни дебелини ретко се произведуваат од коноп. Овој материјал и ортомџискиот марифет ги заменија машините. Наместо конопни влакна, се употребуваат вештачки, синтетички конци. Дури и во бои.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Уловени капиталци

Околу 200 ловџии од “Мукос” уловиле еден волк, една волчица и четири лисици во хајката кај месностите Две Стени и кај селото Присад,   според инструкциите од Агенцијата за ветерина, која предвидува контрола и превенција на беснилото. По анализите на мострите кај волците и лисиците, болеста не е присутна. Сепак секретарот на друштвото Јане Стевананџија предупредува на претпазливост. Ловџиите се надеваат дека ќе ја запазат квотата од 60 заловени лисици до крајот на годинава. Волкот - капиталец бил уловен од умешниот ловџија Здравко Пејкоски, а Љубомир Тасески со снајперска трпеливост ја начекал волчицата на “пусија”.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Итар Пејо со гаќи

За прв пат Пејо ставил гаќи на себе кога решил да се жени. Купил платно, мајка му му сошила гаќи и тргнал право во другото село кај својата свршеница. На пат му се посакало “да се олесни”. Ги слекол белите гаќи и ги обесил на еден трн. Во тој момент видел зајак и потрчал по него, заборавајќи на обесеното на трнот. Кога стигнал кај мајката на свршеницата ја поткренал кошулата и се пофалил: “Погледни бабо, дома имам уште четири метра”. Секако мислел на платно. Бабата се изненадила кога погледнала, а кога слушнала и за четирите метра оставени дома се прекрстила и помолила богу за спас.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

ФОТКА НА НЕДЕЛАТА

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

VITAMINKA.jpg

Присутни гости

Има 8 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп