PDF Печати Е-пошта

“Петте мускетари” од “Добре Јованоски”

Во ОУ “Добре Јованоски”, учителките и наставниците по македонски не можат да ги “зауздаат” инспирираните умови на децата. Жнеат успеси од натпреварите од секаков карактер. Му направиле прибежиште и го “вдомиле” македонскиот јазик, небаре афирматор. Малиот Кристијан Велески, љубовта кон животните ја преточил во пишан збор со текстот “Да се спаси живот, тоа многу значи”. Го “замајал” жирито на манифестацијата Месец на книгата. Го освоил второ место. Соученичката Ангела Павлеска од четврто одделение, освоила трето место со песната “За патронот”, лирски искажувајќи ја љубовта кон херојот Добре Јованоски. Во повозрасната група, осмоодделенката Антониела Мирческа се качила на второ место со расказот “Желбата на мајка ми”, кој има длабок социјален контекст. За песна, Тамара Ангелеска со творбата “Другарство”, го зграбила среброто. Малата Тамара Ангелеска од шесто одделение се триумфирала со расказот “Осаменост”, кој, интересно за нејзина возраст, има добра вредност со трагичен крај. Учителката Олгица Вељаноска ги фали учениците, затоа што во континуитет освојуваат награди. Со творбите ја воодушевувале од прво одделение. Сега тие деца се под менторство на наставничката Стојанка Димеска која ги насочува мислите во правилна насока. Наставничките ветуваат грсти награди. За денот на децата со посебни потреби, 3 декември, домаќините добиле прва и трета награда на литературната манифестација. Кристијан најмногу ги сака животните, па изгледа ќе биде “Доктор офболи”- ветеринар, како од напишаниот расказ. Има многу куќни миленичиња. Шарпланинецот Видра, загарот Меца, Самоједот Лиза, и други домашни животни, за кои учи да се грижи заедно со дедо му. Омилено хоби му е да игра на компјутер. Девојките уживаат во македонските народни приказни, ама се пронаоѓаат и во холивудските блок - бастери. Омилена актерка им е занесната Анџелина Џоли, па сакаат да бидат хуманитарни како неа.

Другарство

Дај му капка бистра вода

на човекот што од жед гори

нека биде чиста

како убавиот другарски збот

ќе ти биде благодарен,

другар ќе му бидеш.

Дај му на цветот утринска роса

да стане најубав

нека расте

пчели ќе долетуваат и одлетуваат

со него ќе другаруваат.

Оставете му ја песната

на славејот, тој најубаво ја пее

остави ја да другарува со пролетта

другарството вечно да трае.

Оставете ја играта на децата

ќе се радуваат, ќе играат

ќе другаруваат

другарство ќе негуваат

со него раснат,

во него веруваат.

Надица Макалоска 8-мо Б одд.

ООУ “Добре Јованоски” - Прилеп

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Бил Гејтс од под Маркукуле

Во ОУ “Гоце Делчев” со шесто одделение започна малата Инес Лесновска. Тоа што ја поврзува со насловот е што од девет години го добила првиот компјутер и веднаш се интересирала за информатичките програми. Полна е со медали во домашните витрини. Освоила три регионални награди по информатика. Била и прва во земјава. Да ја освои наградата, смислила интерактивнен приказ на приказната за Црвенкапа, со кој го воодушевила жирито. Не за џабе е една од топ десетте ученици во Прилеп. Наместо таа да “бара” средно училиште, средните ја бараат неа. Интерес да ја доведат меѓу “своите деца” покажало приватното “Јахја Кемал” кое се смета за елитно. Заради талентот, и досегашниот развој веќе íнудат стипендија, ако продолжи да се образува таму. Тренира одбојка, одела на курс по германски јазик. Посетувала и курс за програмата Фотошоп. Директорот Каралиоски, низ смеа, вели дека одсега, таа ќе му ги средува табелите во Ексел. Одвај чека во следното одделение да почне да ги учи програмските јазици за компјутер. Во слободно време е со другарки или на Фејсбук, а многу сака да гледа филмови. Фокс Лајф без превод и е најдобар канал. Кога ќе порасне, сон í е да биде програмер. Веќе има бонус, сонот ќе истане јаве.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Деца од Канатларци и Дупјачани во Стара Загора

Во Стара Загора, во Бугарија беа учениците од волонтерскиот клуб на училиштата “Кирил и Методиј” од селото Канатларци и од “Пере Тошев” од селото Дупјачани заедно со наставниците Дарко Талески, Драгица Здравеска, Ирена Кочоска и директорот Муарем Јусуфоски. Двете училишта се партнери за афирмација на волонтерството. Домаќините им го претставиле нивното училиште, се запознале со начинот на работа, а децата заедно твореле. Ја посетиле тракиската гробница и музејот во градот Казанлак. Следеле и балет. Изненадување било лизгањето на мраз и игрите со симулирана виртуелна реалност. Колегите од Бугарија ќе ги посетат на 23 февруари.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

“Економско” мајсторство на рекетот и топчето

Во СОУ “Кузман Јосифоски - Питу” трчаат по знаење Антонио Стомнароски и Екатерина Багреска. Со учењето имаат необично хоби. Пинг - понгот е нивниот спореден “животен” повик. Вниманието им се свртено во играта на масата со рекети и мало бело топче. На државното првенство во Кавадарци, без умор во седум партии за еден ден, Екатерина освоила второ, а Антонио бил трет меѓу 45 учесници. На Багреска, пинг-понгот í е во гените. Брат í и татко í се “робови” на овој спорт. По нивните стапки, и таа засега собра 28 медали и пофалници од разни натпревари. Антонио видел сличности со фудбалот, кој му е главен спорт по удирањето на пинг-понгарското топче. Двајцата сметаат дека најважно е концентрацијата, талентот и редовното вежбање. Во импровизирани услови, усовршуваат сервис бекхенд и форхенд. Најтешко им оди со спин-бекхенд, што го тренираат и по два часа по два пати во неделата. Младите од четврти клас, кажуваат дека спортот не е атрактивен кај учениците. Нивните школски не покажуваат интерес. Не оди равој лесно. Затоа често се спаринг партнери.      Наизглед, пинг - понгот е спорт без поголемо финансиско оптоварување, но 150 евра се малку за професионалец. Потребни се скапи рекети и патики. Омилен играч им е Тимо Бол од Германија, оти бил единствен кој можел да ја запре кинеската фурија. Се токмат да го продолжат образованието на факултетот за физичка култура. Екатерина сака да го надградува пинг-понгот, а Антонио да оди меѓу фудбалерите. Меѓу учењето и спортот, Кате свири на акустична гитара, а Антонио ја гледа Долина на волците. Рекреираат и со кошаркарската топка.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

pp_logo.gif

Присутни гости

Има 6 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп