PDF Печати Е-пошта

Втора донаторска за црквата во Точила

Најдоцна по новогодишните празници, ќе се организира втора донаторска конференција да се соберат пари за доизградба на црквата Света Петка во Точила. Ова го најави градоначалникот Марјан Ристески. Локалните власти издвоија милион денари за црквата. Планирано е објектот да биде доведен до карабина до крајот на годинава. Се очекува храмот да биде готов до 19 декември 2012 година. Црквата е посветена на трагичниот настан на Карпалак на 8 август 2001, кога беа убиени 10 резервисти од Прилеп. Темелникот беше поставен на 8 август 2008 година. Свештенството вели дека црквата во Прилеп се гради по стотина години.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Сто години од раѓањето на архиепископот г.г. Ангелариј

Семејството на блаженоупокоениот архиепископот г.г. Ангелариј не може да се помири со загубата, и по 25 години од загинувањето. Ова беше речено на одбележувањето на сто годишнината од неговото раѓање. Архиепископот Ангелариј беше поглавар на МПЦ од 1981 до 1986 година. Беше скромен, достоинствен човек. Го одликуваше упорност во извршувањето на Божјата волја. Со изборот за поглавар, се залагаше за самостојна и независна црква. Говореше дека “не е Балканот тесен, туку се тесни срцата на луѓето” - рече владиката Петар. Синот Драгослав Крстески, на 78 години, рече дека татко му, кој за верниците бил поп Цветко, загинал во 1986 година во сообраќајка на патот Прилеп - Градско. При несреќата, го удри камионче, а од другата страна, камион без кочници. Мистериозно загина, оти и на судењето во Кавадарци, кажаното беше сменето. Неговата смрт беше сомничава и не е расчистена до крај - вели Крстески.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Заминаат две деца од “Ѕуница”

Децата од Дневниот центар “Ѕуница” покажаа што научиле за меѓународниот ден на децата со посебни потреби, 3 декември. Ја отпејаа химната “За овој свет еден и единствен, во кој не треба да има разлики”. Во центарот се згрижуваат 25 деца. Две ќе ја напуштат едукацијата, заради подобрување на психофизичка состојба и успешна социјализација.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Потпор на “Мечкин камен”

Во тек е изградба на потпорен ѕид на ул. ,,Мечкин Камен,, во должина од 70 метри. Од Одделението за урбанизам велат дека ова е уште еден од повеќето потпорни ѕидови како неопходни инфраструктурни зафати пред асфалтирање на една од главните улици во населбата. Дел од ѕидот летово падна со поплавите што го зафатија градот. Општината за изградбата на ѕидот оддели два милиони денари.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Модерен кенеф за пазарџиите

Тоалетите за пазарџиите веќе се ставени во функција во градскиот пазар. Клозетите ги исполнуваат сите санитарни и хигиенски услови. Во простор од 30 квадрати, адаптиран е тоалет и за лица со хендикеп. Одржувачот вели дека уште нема тарифа, ама ако некој има физиолошка потреба и не може да плати, пак ќе може да го користи кенефот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

pp_logo.gif

Присутни гости

Има 7 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп