PDF Печати Е-пошта

Фудбал: Утре последно есенско коло за 11 Октомври

Полусезоната да заврши со победа

Противник е жилавиот Напредок од Кичево

Екипата на 11 Октомври не може да избегне од дното на табелата, но пред зимската пауза може да постигне уште една, трета есенска победа. В сабота (13 ч.) гостува незгодниот кичевски Напредок. Не е сеедно дали со девет или со 12 бода ќе се чека пролетниот дел и борбата за опстанок. Трите бода се неопходни. Нема штедење, сите сили ги вложуваме за нив - велат од 11 Октомври. Тимот на Трајче Илиоски врза два пораза на гости, од Тетекс во Тетово (1-0) и од Работнички во Скопје (3-1). Малку падна расположението, бидејќи се посакуваше барем бод плус во салдото. Пропуштеното се надополнува во преостанатите 16 кола само со успешна серија, а таа мора да стартува веќе утре. Правиме сé да фатиме приклучок со конкурентите. И со најмали шанси, ќе се бориме за спас - порачуваат од 11 Октомври. Клубот бара поддршка од навивачите, бидејќи ривалот е цврст тим, кој собра 20 бода за осмо место. Голман е поранешниот на Победа, Пашовски, “бомбардер” од далечина К. Степановски, а тренер, некогашниот играч на Победа, Бочески. Во домашните редови на голот е Коруновски, во одбрана Димитриоски, Обрадовиќ, Ф. Мирчески, Велјановски, во средината Кулески, Петрески, Дунимаглоски и Апостолоски, во нападот Гешоски и Мојсовски.

Гешо втор стрелец

Есенва не му оди на 11 Октомври, но растура голгетерот Благоја Гешоски. Даде 10 гола, од 13. Останатите се на Мојсовски, Ацески и Велјановски. Гешоски е втор стрелец во Лигата, зад членот на лидерот Вардар, Филип Ивановски кој има 14 гола.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Бизнис лига во мал фудбал

Седум гола по меч

Ефикасно прво коло со 35 гола на пет меча од Бизнис лигата во мал фудбал. Највисок триумф на Спорт лајф 7-1 над Сидро, со два гола на Г. Макалоски, по еден на Варошаноски, Темелкоски, Бошкоски, Гаврилоски и Василев. Имаше убав, ферплеј спортски потег по покажан пенал од судиите Смилкоски и Д. Макалоски против Горан паркетар Електроелемент. Да нема тензии, на воодушевување од 500 гледачи, намерно промаши Божиноски, но пак тимот Златна рака Проспект победи 5-4. Останати: Основен суд - Економски факултет 4-2, Лукас Елит - Кабелнет 3-4, Агроинвест - Прилеп 4-1. В сабота (15,30 ч.) во сала “Македонија” 2. коло: Прилеп - Горан паркетар Електроелемент, Кабелнет - Агроинвест, Спорт лајф - Лукас Елит, Економски факултет - Сидро, Златна рака Проспект - Основен суд.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Трета, Победа ј. и жени

Корзо на славје во Неготино

Во Трета лига в недела (13 ч.) лидерот Корзо, по домашната победа 2-1 над Илинден, оди во Неготино, кај шестиот Вардар. Панде Трајчески и Горан Тодоровски го подготвија тимот за победа и славје со навивачи за есенска титула. Останати: Борец - Кадино, Партизан - Г. Коњари, Млекар - Бабуна. Младост - Бирлик. Претходно: Црна Река - Младост 3-0, Бирлик - Млекар 2-0, Бабуна - Партизан 0-1, Големо Коњари - Борец 3-0, Кадино - Вардар 2-4 . Табела: Корзо 31, Кожуф 30. Второлигашот Победа јуниор и покрај головите на Карчески и Гиноски, со спорен погодок загуби 3-2 кај Охрид лоте. По протестите следеа тројца исклучени Апостоловски, Карчески и Велјановски. Осмо место со 21 бод не е лошо, но можевме повисоко - смета Златко Петрески, тренерот. Фудбалерките на Победа загубија 1-2 (0-0) од лидерот Наше такси. Гостинките до трите бода дојдоа среќно, со случаен гол на Рочи и автогол на Нешкоска, а попусто пред тоа израмни Стојческа.

Крстески прв во Ц. Гора

Поранешниот капитен и помошник тренер на Победа, Дарко Крстески, есенва успешно од клупата го водеше црногорскиот второлигаш Челик од Никшиќ со 14 победи, две реми и еден пораз. Полусезоната е завршена на прво место, со 10 бода предност пред Јединство Б. Поље. Покрај успехот, најверојатно заминувам. За клуб во соседните држави или земјава одлучувам до Нова година - најавува Крстески.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

ПРВИТЕ БОДОВИ НА 11 ОКТОМВРИ ВОЛЕЈ

Новоформираниот клуб “11Октомври Волеј” под водство на тренерите Орде Цветаноски и Васко Гајтаноски успешно го започнаа државното младинско првенство во Тетово, победувајќи го фаворитот за првото место “ВАРДАР” со 2:1. Тоа е поттик за нови подвизи во двата престојни турнирски натпреварувања на пролет. Првиот меч со “Работнички Фершпед”, го загубија 2:0, поради неискуството. Иако во два сета доминираа прилепчанки, на крајот им падна концетрацијата и загубија. Генерацијата кадетки го гледа успехот во пласманот меѓу најдобрите четири екипи.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Ракомет: Менде Петлески, нов тренер на Жито Прилеп

Млад сум, но немам страв

Очекував понуда да покажам колку можам - вели професорот

Професорот по физичка култура, со специјалност ракомет, Менде Петлески (27) е нов тренер на женскиот тим од Жито Прилеп, по разидување на клубот и разделбата со Ристо Магдинчев. Петлески доаѓа од младинско - кадетската школа. Имаше кариера како лево крило во ТК Бренд, МРК Вардар и Вардар про. Првпат води сениорски тим. Прифатив, подготвен со знаење од студиите, искуство како играч и младински репрезентативец. Соработував со искусните колеги Аце Станковски, Гино Стрезовски... Не се плашам, туку со нетрпение ја чекав понудава - вели Петлески. На првиот собир беа 13 првотимки: Наумоска, Дурланова, Павичевиќ, Т. Стојановиќ, Мркиќ, Цветановска, Штериева, Аџулеска, Илиеска, Серафимовска, Матановиќ, А. Стојановиќ и Кликовац, а оправдано отсуствуваа Јаломитеану и Петковска. Предстои вклопување на новиот стратег и обратно. Сите ги запознав преку тренинзите и мечевите. Со напорна работа ќе дојдат резултатите - смета Петлески.

Нема датум за Заечар

Планирани се пријателски на Жито Прилеп, а првенствените тешко се закажуваат. Одложената од 1. коло дома со српскиот Заечар нема датум, поради настап на хрватски репрезентативки на СП. Само се знае дека Будуќност доаѓа на 19 јануари.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Бокс

Профи меч Николоски - Шимон

Благодарение на боксерскиот клуб “Ас” и асоцијацијата “Пробокс Македонија”, вечерва (19 ч.) е боксерски спектакл во арената “Сонце”. Главен е профи мечот до 66 кг. во четири рунди на Александар Николоски против Унгарецот Имре Шимон. За Николоски е втор профи меч, после поразот летоска во Босна, а ривалот има 10, по пет порази и победи. Планот е победа на нашиот боксер, поддржан од публиката - вели Дарко Чатлески, менаџер. Предвидени се и воведни, атрактивни мечеви на познати имиња: Босанците Санел Папиќ над 91 кг, Горан Делиќ до 91 кг., како и Косовецот Џавид Висока до 91 кг. Посебно интересен е мечот во осум рунди на непобедливиот Папиќ против Хрват. Претходно има и воведни кик бокс борби - најавува Чатлески. Ринговен судија е Ѓорѓи Чатлески.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Ин мемориам

Разделба со Шукуроски

На 58 години почина Петар Шукуроски, професор по физичка култура, истакнат ракометен тренер. По кусата кариера како играч, млад ја почна тренерската. При крајот на седумдесеттите создаде перспективна женска екипа на Т. Комбинат, која после созреа за влез во Втора југословенска лига. Новиот клуб Металотехника од втора, експресно го внесе во Прва лига во деведесеттите. Шукуроски беше во првиот стручен штаб на женската сениорска репрезентација на Македонија.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

pp_logo.gif

Присутни гости

Има 5 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп