PDF Печати Е-пошта

“Коска”, Форд од 57-ма, небаре “мечка”

Првиот газда оставил аманет да му ја стават колата за надгробен споменик

Дуќан, стан во Скопје и пари нудеше скопјанец

Еден од само четирите произведени Форд “Ферлајн” седани е во сопственост на нашиот Кирил Китаноски. И Киро Глигоров фрлил око да се вози, ама не го добил. Стариот мераклија Аце Китаноски не го кандисале ниту понудите од станови, дуќани и торби пари да ја продаде убавицата од 57-мата. Грамадното возило има само три “браќа”, затоа што компанијата го прекинала производството во 1957 година. Лимузината, која сегашниот сопственик ја наследил од неговиот покоен татко, сега е на продажба за мераклиите на олдтајмери. На наследникот не му се дава автомобилот, бидејќи го доживуваат како семејна амајлија. Фордот уште е “коска”. Има оригинално радио со ламби, полуавтоматски менувач со три брзини, кожни седишта и огромен простор за седум - осум души комотно да се возат и да уживаат. Долг е 5,5 метри и ја зафаќа целата гаража на Кирил. Сите делови се оригинални, татко му на Кирил, Аце не штедел за колата. Со австралискиот пасош, одел Турција, Грција, Италија па и Америка за резервни делови.

Од кај јаболкар во Крани, кај шнајдер во Прилеп

Во времето кога се возеле само Олимпии и немало ниту Фиќа, една ресенска фамилија со роднини во Америка, решила да го “прошараат” “сивиот” возен парк на Македонија со Форд. Во 1957 година автомобилот стигнал до семејството на Рамо - јаболкарот од селото Крани со брод преку Атлантикот, па преку Албанија. Рамо ја повозил еден круг низ Македонија и му поминал меракот. Чекајќи во бизнисот, татко му на Кирил, Аце - Шнајдерот, се запознал со Рамо, додека не продавал јаболка на пазар. Во муабет во дуќанот, Аце му намнисал на Рамо дека е мераклија за странска луксузна лимузина. Заедно со Илија Рочески, отишле во Крани, и Аце ја купил колата и ја донесол во Прилеп. Ко мечка да игра, се насобра цел Прилеп. Го гледаа автомобилот, небаре чудо. Сите му завидуваа на татко ми - се сеќава Кирил, синот на шнајдерот. Завидливоста се претворила во инает, па цариниците измислиле “специјална” тарифа, колку 10 нови тогашни коли. Аце Китаноски немал гајле од тоа, оти меракот за “црвениот американец” немал граници. Заедно со Рамо и соселаните од Крани ја платиле царината.           Аце ја чувал колата како мало дете. Не ја давал друг да ја допри. Скржаво ја возел само тој, иако не многу. Ја терал само низ Македонија и низ Прилеп. Одговорно ја одржувал и ја чувал заклучена во гаражата. На син му Кирил му велел дека рацете ќе му ги изгори, ако чепни во гаражата. Аце, како на дете единче, му ја давал единствено на Кирил, на времето за да се “залепат” женски за чудото од кола. Душата ми е во колата - биле зборовите на Аце, кога ќе му дошле големци од познати фирми да му ја купат.

Не ја продале ниту за Глигоров

Го одбил дури и Киро Глигоров со зборовите - “дури да го возат претседателот во колата, јас ќе си ја возам”. И на смртната постела, умот му бил во Фордот. На син му Кирил му оставил аманет да му ја стават за надгробен споменик, ако сака, ако не што сакаат нека прават со колата. Блазе си му на онај што ќе ја има - биле последните зборови на Аце Китаноски. А, Кирил, како вработен во сервисот на Застава, слабо имал мерак за колата. Купувал, возел и препродавал “Варбурзи”, “Стоедна”, “Опели”, “Сузуки”... По смртта на татко му, Кирил продолжил да ја одржува колата, оти тоа му била струката, а и во чест на татка си. И сега, како и на времето, кога ќе ја извади од гаража, пак се збира народ “ко да игра мечка”. Кирил сега нема потреба од колата, а и на синовите им поминал меракот, па ја ставиле на продажба на интернет. Дуќан, стан во Скопје и додатни пари, ни нудеше еден скопјанец, друг трчаше по мене за да ја купи со полна торба германски марки. Идеа и од телевизии да ја видат и да ја повозат, ама не давав друг да ја вози и ги одбивав. Постојано се јавуваат на телефон, главно млади на кои му е идеал да возат “олдтајмер”. Сега, не знам што да правам. Ниваму - нитаму сум за продавањето - вели Кирил. Ако е стара лимузината, моќна е со над 230 коњски сили. Не троши толку многу. Само 11 литри на отворено, а 13 за низ град. Внатре, командите се на англиски, воланот е огромен и менувачот е “дамски”. За да не ја пали, кога ја вадеше од гаража во лер, одвај го истуркавме овој “мамут” од возило. Навистина, блазе си му на тој што ќе ја има.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

pp_logo.gif

Присутни гости

Има 7 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп