PDF Печати Е-пошта

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТИ НИКОЛА НА ПЛОШТАД

Стопанска банка ја продолжува традицијата

Ќе се пресече славскиот колач, ќе се кренат чашите за здравица, за среќа, бериќет, љубов, слога и напредок за сите, в понеделник на заедничката трпеза на плоштадот. Со посебна чест и почест, од мало до старо, од срце и душа ќе го одбележат Свети Никола, патрониот празник на градот, на општината, на сите прилепчани. Нема друг празник кој толку блиску, чисто и со огромна духовна сила, која небаре доаѓа од небесните височини, ги обединува и сплотува прилепчани како што е славата Свети Никола. Уште повеќе можеби заради тоа што од дедо прадедо, од колено на колено, живееле и го чекале денот кога во секој втор дом, ќе се ставела посна вечера, ќе се направела чест на светецот. А оние пак кои не го празнуваат, ќе отиделе на гости кај своите роднини и пријатели. Годинава домаќин на светиниколскиот ручек е Стопанската банка од Скопје. Регионалниот директор Стевче Димески не штеди ангажман сé да биде под конец. Ќе се служат 65 илјади посни светиниколски сармички кои трудољубивите членки на невладините женски организации ги приготвуваат со многу љубов и дикат. Веќе токмат сечат и туткаат низ нивните раце над еден тон расол, кроејќи ги, тантелејќи ги, со по три зрна ориз за да ги “стуткаат” од лешник помали, да се голтнат на еден залак. Ќе се служат и над 250 килограми риби, ќе се полнат чашите со вино и ракија, со пиво. За доброто расположение ќе екнат песните на Миле Кузманоски и Елена Петреска. В понеделник ќе се празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на децата, морепловците, девојките, сиромашните, учениците, пекарите, аптекарите, трговците, патниците... Свети Никола е еден од најпочитуваните светци. Одбележувањето ќе започне во 8 часот со литургија во црквата “Св. Благовештение”. Потоа крај Параклисот на “Св.Никола”, во 10 часот ќе се изврши водоосветувањето и ќе се пререже празничниот колач, по што ќе следува народната гозба. Ќе се предаде и кумството, а идната домаќинка, сопственичката на конфекцијата Комфи Ангел, Ирена Јакимоска, уште од сега да мисли како ќе се покаже поарна домаќинка, поиздавлива и покреативна. Прилепчани знаат да се единствени. Го сакаат својот град, чиј патрон е овој светец. Со богата посна трпеза, ќе покажеме дека сме оригинални, препознатливи по традицијата и негувањето на корените. Веќе шест години, градоначалникот Марјан Ристески успева да ги збере, како едно, прилепчани на заедничка трпеза под отворено небо, среде град, на која сите се исто, сите со иста мисла и молитва за подобар и попросперитетен град. Ќе се слави Свети Никола кој се поистоветува и со популарниот Дедо Мраз, кој го навестува доаѓањето на Новата година. А во Свети Никола веруваат и гладните и босите, и богатите и сиромашните, и несреќните и бедните на кого и Светото предание му припишува чуда.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

lokalna.jpg

Присутни гости

Има 12 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп