PDF Печати Е-пошта

Бизнис танц на “Твист”

Надградбите на компјутерите не престануваат и носат позитивни ефекти

Петнаесетина години постои фирмата за трговија и сервис со компјутерска техника “Твист” на семејството Петкоски. Марјан и Ели се задоволни од досегашниот бизнис пат. Се сеќаваат на времињата кога тргнале со играчница на видео игри. Со експанзијата на компјутерите, се ориентирале на трговијата со информатичката опрема, вклучувајќи и хардвер и софтвер и сервисирање на компјутерите, бидејќи посилниот пол на Петкоски бил упатен во информатичката технологија блиска на играчницата. Последниве години понудата ја прошириле и со ТВ приемници, оти, фирмата со која соработуваат им понудила шанса. А двајцата сопружници не ја пропуштиле можноста за проширување на палетата за поширок избор на муштериите со ЛЕД, ХД и други модерни варијанти на неколку марки телевизори. Во постојан подем е информатичката техника. Напредува со астрономска брзина. Последна конфигурација на компјутери може да го реши домашниот проблем најмногу две години. После е нужно најмалку освежување или нова силна и помоќна машина. Постојано излегуваат некои нови елементи. Дел од граѓаните можат да се носат со времето, а дел бараат надградби на старите компјутери. И тука има постојано работа. Бизнисот оди успешно. Имаме повеќе работа - вели Марјан. Петкоски не размислуваат да се селат во некоја непозната бизнис сфера. Сметаат дека има простор за развој во информатката, каде ги “носат работите во малиот прст”. Со знаењето пред себе и искуството зад себе, преокупација им е информатичката техника. Сервисот работи постојано со инсталции и чистења од вируси. Има и надградби на новитети, како што се посилни процесори, поголеми дискови, поквалитетна графичка картичка... - објаснува Марјан. Сопругата Ели, која е ориентирана на продажбата, вели дека нема “зима” во бизнисот. Последниве неколку години расте побарувачката на лап-топи, но не за сметка на стандардните десктоп компјутери. Засега сме на ниво на половина - половина. Располагаме и со различни модели модерни ТВ приемници. Оние кои купуваат компјутери од кај нас, доаѓаат и за телевизори - вели Ели. Добредојдена им е конкуренцијата да ги засучат уште повеќе ракавите и да се борат со моќните фирми. Не се плашат од повеќето ривали, туку со напорна работа успеваат да се одржат и да ги надминат ланските позитивни резултати. Ефектите им се видливи во сметките, кои покажуваат дека годинава е побериќетна од претходната.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

EKONOIMSKI.jpg

Присутни гости

Има 10 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп