PDF Печати Е-пошта

В година Европа и Владата ќе ја градат пречистителната станица

Чиста река со 20 милиони евра

Македонија доби донација од Европската комисија од 59,5 милиони евра, од кои 45 милиони евра за заокружување за изградба на автопатската делница Демир Капија - Смоквица и 14,5 милиони евра за пречистителна станица во Прилеп. Договорите ги потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министрите за транспорт и врски и за животна средина Миле Јанакиески и Абдилаќим Адеми и директорот за регионална политика на ЕУ Жан-Мари Сејлер. Пречистителната станица е прва од областа на прочистување на отпадните води, што ќе се реализира со пари од ЕУ. Обезбедени се и шест милиони евра од државниот буџет. За директорот за регионален развој при Директоратот во ЕУ Сејлер, реализацијата е имплементација на европски вредности, односно зачувување на животната средина. Важна е реализацијата во одредениот рок, зашто дел од средствата може да бидат загубени. Се надеваме дека во иднина ќе продолжиме со уште повеќе проекти - посочи Сејлер. Градоначалникот Марјан Ристески истакна дека Прилеп е првата општина која користи поголем грант од ЕУ за изградба на пречистителна станица за третман на отпадните води. Проектот е значаен за заштита на животната средина, за пречистување на градската река која минува низ центарот, а главен рецепиент е реката Црна. Бидејќи Прилеп почива на најплодната рамница, проектот е многу битен за наводнување на земјоделските култури, односно, сите производи во иднина ќе бидат по највисоки еколошки стандарди. Пречистената вода преку реката Црна, ќе се движи и низ еколошки најчистиот регион - Мариово - рече Ристески. Министерот Адеми е убеден дека во средината на следната година ќе почне градбата на пречистителната станица. Комплексниот проект ќе се спроведува преку три договори, за изградба на пречистителна станица на отпадните води, доградба на канализациската мрежа и надзор на градежните работи. Со реализацијата ќе се заштитат површинските и подземните води во прилепско, ќе се подобри квалитетот на земјоделските култури, а граѓаните ќе имаат поквалитетна животна средина. Тој се надева дека проектот ќе биде позитивно искуство кое ќе помогне Македонија да добие позитивен одговор од ЕК и за други големи проекти од областа на животната средина. Според Ставревски, преку крупните инфраструктурни проекти може да се подобри конкурентноста на економијата и да се обезбеди повисок економски раст и развој. Тоа ќе придонеси за интеграцијата кон ЕУ.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Германците не препорачуваат поефтина вода

Пониските цени можат да предизвикаат далекусежни последици

“Не би сакале да се намали цената на водата, затоа што ЈП “Водовод и канализација” (ВИК) мора да се самоодржува. Цените не се огромни, а тие кои бараат пад на цената, гледаат на куси патеки. ВИК има многу работа и за себе да не дојде до нарушување на самоодржливоста. Впрочем КФВ банката побара да се зголеми цената на водата пред реализацијата на инвестицијата пред многу години, а сега има барање за намалување на цената. Не е важна само изградбата на мрежа, туку и одржувањето”. Ова го изјави новиот проект менаџер на германската КФВ Банка за Македонија Роза Екле на средба со првиот човек на ВИК Сашо Николоски. Според неа важно е што сега ВИК е самоодржливо претпријатие.        - Барањето за намалување на цената на водата не ги зема во предвид долгорочните последици. КФВ Банката не препорачува промена на тарифниот систем, затоа што со тоа би се нарушила самоодржливоста на системот - изјави Екле. Таа изрази задоволство од спроведувањето и резултатите на проектот во Прилеп. Проектот во Прилеп важи за еден од најдобрите во соработката, оти дома треба да им објаснам на германските даночни обврзници дека финансиската донација од осум милиони евра од Германија е наменски искористена. Инвестицијата предизвика рентабилно и самостојно работење на ВИК на подолг период. Се спречи излевањето на вода од цевките. Загубите на вода и намалувањето на трошоците се главните карактеристики на доброто менаџирање во ВИК. Се постигна и ефектот за намалување на трошоците. Важен е и тарифниот систем за одржување на мрежата и водата да стигне до корисниците. Уште има за работа, но главниот проблем безмалку е решен. Инвестицијата рехабилитира 25 отсто од мрежата, а остатокот веќе самостојно го врши ВИК. Во наредните години загубите на вода ќе се намалат на пониско ниво со добро менаџирање - рече Екле. Таа потенцира што Прилеп успеа да го изменаџира првиот македонски проект за добивање на средства од ЕУ за пречистителната станица. Дури и покажа подготвеност за помош во нови проекти, доколку има интерес. Директорот на ВИК Сашо Николоски не откри детали за можни полиња на соработка со КФВ Банката.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

Logo Prilep 72.jpg

Присутни гости

Има 6 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп