PDF Печати Е-пошта

Вредна археолошка поставка во Завод и Музеј

На јаве статуи, накит, керамика...

Нова археолошка поставка која нî води низ времето, просторот и низ историјата е отворена во Заводот и Музеј. Се презентира дел од вредното богатство - керамички садови, орудија од камен и коска, оружје, земјени фигурини, накит, откриени при истражувањата на локалитетите, меѓу кои Врбјанска чука, Маркови кули, Стибера, Трпчева црква, Бонче, Бакарно гумно, Баба, што го поседува Музејот. Поставката ја прогласи за отворена министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска, а се претставени артефакти од праисторијата до среден век. Добивме специфична, оригинална изложба значајна и од историски и од археолошки аспект. Единствена е во внатрешноста, низ која се манифестира врвното мајсторство за комбинаторика на експонати. Поставката го соопштува ненаситниот светоглед на заумната и раскошна македонска археологија - вели Гордана Данаилоска - Спироска, директор на Музејот. Изложени се околу илјада предмети. Посебно место има "Системот на жртвеници", најстариот недвижен објект од пред 8000 години. Жртвеникот е атрактивен, а по формата е уникатен. Ваков објект нема не само на Балканот, туку и во Европа. Има димезии 2 на 4 метри и потекнува од локалитетот Врбјанска чука кај селото Славеј. Случајно бил откриен во 1979. Бил конзервиран, а во 1982 година е донесен во Музејот. Датира од средниот неолит. Пронајден е во култна градба, светилиште, изградена на тумба. Во жртвеникот, обредите ги вршело едно лице во присуство на сите кои живееле во населбата - раскажува археологот Александар Миткоски. Интерес ќе предизвикаат и предметите од македонскиот и римскиот период, особено железниот крст и теракотните бисти на богинката Артемида Енодиа. Дел се откриени на локалитетот Градиште кај Дебреште. Од македонскиот и римскиот период се и постерите , на кои се представени македонските гробници, издлабени во карпа. Тие се уникатна појава. Оригинални се и штитовите на кралот Деметриј, први од локалитетот Старо Бонче - вели археологот Душко Темелкоски. Внимание привлекуваат експонатите од Стибера, локалитет кој последните години е капитален за државата. Изложени се портретни глави, скулптурите на Ефес, на Херкуланка, на Млада девојка, статуите на Бах и на Хермес. Значајно е што на мал простор, како во Стибера,најдени се многу скулптури. Тоа е реткост, која сведочи дека градот бил центар во римскиот период - раскажува археологот Лилјана Кепеска. Министерството за култура оддели 360 илјади денари за опремувањето на поставката. Догодина ќе се подготви и етнолошка поставка.

Репрезентативен македонски објект

- Поставката е силна рефлексија на археолошкото богатство на Прилеп. Таа е одраз на посветеноста и грижата за непроценливите културни вредности и несоборливите факти на наследството што ни го остави историјата. Поставката ќе го доближи времето од минатите епохи кои одминале по Пелагониската рамнина и по овие делови од митската и реална Македонија. Таа ќе биде гордост за граѓаните, но и предизвик за сите посетители кои имаат интерес да се запознаат со богатото културно минато. Репрезентативниот објект е резултат на истражувањата во прилепско - рече министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска.

Поставката ненаситен поглед кон археологијата

- Прилеп е ризница на голем број споменични добра. Се збогатува туристичката перспектива и градот претставува привлечна дестинација, покрај меморијалниот музеј 11 Октомври, галеријата на икони, старата чаршија, градскиот часовник, Марковите кули, локалитетите во Мариово, манастирите кај Зрзе, Трескавец и Арахангел Михаил и музејот за тутун - рече градоначалникот Марјан Ристески.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Саатот ќе се ,,курдиса,,

Идната година Градскиот Саат, гордоста на Прилеп ќе се "курдиса". Не само што ќе биде реконструиран и ќе се санира навалувањето, туку и ќе проработи и механизмот. Министерството за култура, како што најави министерката Елизабета Канческа - Милевска, ќе оддели три милони денари за неговата санација. Се грижиме за зачувување на културното наследство. Затоа Саат кулата, е меѓу приоритетите. Музејот и ИЗИС изработија проект за статичка стабилност со кој ќе се реставрира кулата, со што во 2012 година ќе ја промовираме во автентичен стил - рече министерката. Од Музејот велат дека навалувањето било започнато од 1935 година. Од извршените седум серии на мерења од 1996 до 2009 година Саатот од врвот па се до основата остапува 85 сантиметри. Уште трае навалувањето, а причината веројатно е тежината на скалите од југозападната страна. Не постои начин да се врати во вертикалата, но со проектот ќе се спречи натамошното навалување. Планираме да го стартуваме и механизмот. Преку интернет ќе дојдеме до контакт со фабриката да дадат мислење што треба да се направи за да работи - вели Гордана Спироска. Градоначалникот Марјан Ристески вели дека Саатот е во душата на секој прилепчанец. Среќен сум што ќе се реконструира Саатот, бидејќи е посебен и уникатен, не само по градбата туку и по исправеноста и височината. Ако Пиза прави пари со Кривата кула и ние тоа можеме да го продаваме. Посетителите со плаќање карта ќе можат да се качуваат до одредена височина и панорамски да го разгледуваат градот - вели Ристески. Саатот е изграден 1858 година, една година пред лондонскиот Биг бен, од познатиот мајстор Петре Лауцо. На него пишува "Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува тој жали и вика - Ах!.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Центарот на Деновите на центри и домови на култура

Центарот за култура "Марко Цепенков" успешно се претстави на традиционалната манифестација "Денови на домови и центри за култура во Македонија" во Кочани, која заврши синоќа. Се презентираше ликовната колонија Дрен, а настап имаше и Октетот Прилеп. Во ликовниот перформанс учество зеде и директорот Тони Чатлески. Манифестацијата е убава можност институциите да разменат искуства, но и да го прикажат постигнатото - велат од Центарот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Премиера на претставата ,,Јунаците од бајките"

Детски мјузикл со одлична кореографија

"Јунаците од бајките" во драматизација и режија на Петар Димоски е претставата за деца која Театарот премиерно ќе ја прикаже в недела Улогите ги толкуваат Димитар Црцороски, Јасмина М. Станкоска, Зоран Иваноски, Наташа Наумоска, Милан Секулоски, Марија С.Илијеска, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески и Игор Трпчески и десетина деца од младинската сцена. Кореограф е Кире Миладиноски, автор на музиката Душко Темелкоски. Режисерот очекува најмладите да уживаат во претставата со многу песна и игра. "Јунаците..." се музички спектакл, претстава за деца од најмала возраст па до осмо одделение. Децата ќе уживаат со Црвенкапа и Волкот, со Снешко Белчо, со Трите прасиња, Снежана и седумте џуџиња, Пинокио, но и со новите четири - пет лика, меѓу кои се Аладин и Кунг фу пандата - вели Димоски. Претставата ги истакнува човечките квалитети и вредности. Ќе биде поучна и ќе покаже како треба да се градат личности. Ќе биде збогатена со многу сонгови, песнички и одлична кореографија - вели режисерот Димоски. Ова е четврта премиера што ја подготви Театарот годинава со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

EKONOIMSKI.jpg

Присутни гости

Има 10 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп