PDF Печати Е-пошта

НОВОГОДИШНА ЗАБАВA СО НАШИ ПЕАЧИ

Со најдоброто од домашната естрада, прилепчани ќе ја дочекаат Новата 2012 Година. За најлудата ноќ за забавата да ја направат "топ", локалните власти изборот го направија за Каролина Гочева, Зуица Лазова и Наум Петрески. Ако пред неколку години, гостуваа Психомодо поп и Филм, журката ја создаваа кул Владо Јанески и Селимова - Желчески, сега нема поубава забава, отколку на своето со своето! Празничната атмосфера ќе се надополни со новогодишниот декор. Прилепчани ги чекаат и снежните топови кои, сега засега, се одлична супституција на природната бела покривка која сите ја чекаат, особено најмладите.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Пајки во речната шир

Кој вели дека Прилеп немал вода! Небаре езеро се излевала Дабничка која минувала крај хотел Скопје, па пред Капковци... А вода без пајки, не бидува. Нашле кротките птици мегдан да ги протегнат перките и да ја победат водената сила, нарушувајќи ја мирната речна шир. Дека токму тука врви реката, се потврдува и сега. При пообилните врнежи, водата често избива во близината на участакот. Било тесно грло. Природно според законите на физиката, водената површина зафаќа и се излива во околината. Но затоа пак за пајките е рај, мерак да се брбешкаат. И додека тие спокојно уживаат во својата природна средина ,водата, излеаното речно корито правело зијан на дуќанџиите и куќите. Нема играчка со вода, ама и нема поубава глетка од водата. Душата се распостила по природното пространство, се разгалува, се смирува. Ја нема веќе глетката каде се распослало речното корито. Таа сега притаено тече под асфалтот, кој не í дава "слобода".

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Еликсир за долговечност

Речиси нема суштество на Дуњава, кое не посакува што подолго да се радува на изгрејсонцето и го вдишува воздухот. На научната мисла предизвик í е откривањето на еликсирот на договечноста. Велат дека нема "смрт без суден ден". Колку ќе живееш, зависи од генетската предиспозиција. Некои велат: долгиот живот се здравите животни навики. Затоа хит станува здравата храна. Се препорачуваат разните фитнес центри не само за слабеење, туку и за одржување на здравјето. Сето тоа надополнето со витаминско - минерални препарати за одржување на виталноста. Неодамна овој свет на неизвесност, или како што популарно се вели живеење во континуиран стрес, ненадејно го напушти стогодишната сограѓанка Васка Грабулоска. Според неофицијалните податоци таа беше најстарата прилепчанка. Која беше формулата за долговечнсота, за неделникот "Зенит" не успеа да ја открие. Уште помалку да подели совети како современиот човек може да се справи со потрагата и моќта на парите, страста на животот. Соседите велат дека била енергична жена која сама си берела гајле. Животната трка í заврши на сто години. Секој посакува трицифрена бројка или да зачекори во вториот век од животот. Божја дарба и работа!

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Ита ги освојува САД

Ита Аџиеска ги освојува САД. Со изложба на 20 слики таа одбележа 20 години творештво, претставувајќи ја Македонија. Дел од мотивите се од Маркови кули, Струга, Охрид, природните убавини на Галичник. Отворањето го почестил и македонскиот конзул Звонко Муцунски. Се одржала и модна ревија со настап на пејачи. Ита подолго време живее во САД. Се занимава со сликарство и мода. Работи во "Мерцедес бенз модната недела". Каде и да одам, Македонија ми е во душата. Затоа вечерта беше насловена "Носталгија за Македонија" - вели Ита.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

ФОТКА НА НЕДЕЛАТА


Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

lokalna.jpg

Присутни гости

Има 8 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп