|
Зелено знаме за ОУ "Блаже Конески"
Прва награда - "Зелено знаме", затоа што веќе три години се изведуваат различни еколошки активности доби ОУ "Блаже Конески". Овојпат наградата е од МОН, швајцарската агенција за реконструкција и невладината ОХО за проектот "Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем". Запазувајќи ги четирите еко стандарди: енергија, транспорт, вода и училишен двор, училиштето аплицирало и од "ведро небо" добило известување дека ја добиле највисоката награда. Со "зеленото знаме", добило и 61.000 денари за понатамошно надградување на еко-свеста. Наставниците пак изработиле еко-проект кој во Охрид ќе го брани директорката Марија Дулевска. Проектот е насловен "Партерно уредување на училишен двор" ќе се оствари со средствата од наградата бидејќи не е мал. Ќе се собираат средстава и од други страни. За реализација на проектот за вклучување во собирање на рециклиран материјал, изработка на пластеник него, како и изработка на сончев часовник. Цел е да се подобрат резултатите на учениците, да се развива еко-свеста, да се создаваат еколошки навики, и да се истражува екологијата, едновремени грижејќи се за здравјето. Вкупниот буџет е околу 308 илјади денари. Средствата ќе бидат обезбедени од наградата за зелено знаме и училишниот самопридонес, а ЈП Комуналец ќе учествува со 20 проценти, Лајонс клубот ќе даде 10 проценти, Македонски шуми ќе учествува со 20 отсто, локалната самоуправа со 20 проценти, а остатокот со работна сила од локалната заедница и советот на родители.
|
|
Незаборав за "светлоносецот" Климент Охридски
На седми декември се слави просветителот и светецот Климент Охридски, кој ја подари кириличната азбука и им ги "отвори очите" на Словените. Тој е најпознат ученик на светите браќа Кирил и Методиј, роден е во 840 година. Многу институции го носат неговото име, бидејќи просветлил десетици народи и е основач на првиот универзитет во Охрид. Една е и ОУ "Климент Охридски", кое секоја година го одбележува денот на патронот со манифестација. На последното одбележување салата беше претесна. Прославата ја отвори брилијантниот училишен хор со интонација на химната. Директорот Добривој Талимџиоски ги соопшти досегашните успеси и проектите за иднината. Претседателот на советот на родители, Васко Сиљаноски, оцени дека со донации на родителите им се помага во подобрувањето на климата за изведување на наставата. Собраните средства од над сто илјади денари се повод за продолжување на трендот на поддршка. А децата оддадоа почит за денот на училиштето како што најдобро знаат и умеат: со песна, глума и рецитации. Детски творечки жар излезе низ демонстрацијата на наученото и вежбаното. Затоа сите добијаа громогласен аплауз.
|
|
"Поткраднувачи на кармини" стануват професионални козметичари
Козметичкото студио во СУ "Ѓорче Петров" е малку "заспано" овај период, бидејќи учениците од втора година уште се на "доза" на теорија. Ги откриваат видовите на кожа, документирајќи ги ефектите. Во следната етапа ќе шминкаат, хидратираат, ќе вршат пилинг и надградба на нокти и ќе дотеруваат веѓи. Точно 16 практикантки од втора година се фалат што меѓу нив имааат и "колега", кој им е миленик. Професорката Изабела Анеска Димеска објаснува дека е нужно да се изучи создавање основа за практична работа - "заморниот" теоретски дел. Учениците сметаат дека веќе е мошне популарен "козметичарскиот" занает. Има интерес кај младите, кои од мали "подкраднуваат" кармини од мајки им и се дотеруваат пред огледало. Покрај книгите, новите стилови и начини на дотерување, го следат преку интернет "задолжителниот" Фасхион ТВ. Виденото веднаш го применуваат на соученикот, кој станува модна "жртва" на неискусните разубавувачи. Сите сонуваат да отворат козметички салон и да ги покажат стекнатите вештини.А, две мечтаат да се најдат во облаците, а не меѓу разубавувачите. Сакаат да бидат персонал во авионите и да станат стјуардеси. Во слободно време пак се шминкаат, ама од срце, за излегување. Мора да бидат во "топ" форма, кога тие ќе поминат, машките да ги "кршат вратовите". Како да не се шминкаат, дотеруваат и вежбаат кога со соработка на советот на родители нивниот кабинет е најопремен. Има УВ ламба за вештачки нокти, набавени се пилинзи, одстранувачи на шминка, лакови, шминки и пудри. Овде не запира соработката. Со сопствени средства набавиле заштитни пердиња, поставена е разгласна станица. Се релаксираат со музика за време на одморите. Директорот Дејан Димоски е задоволен од соработката со родителите, затоа што во солидна атмосфера се постигнуваат подобри резултати, а и учениците со мерак ќе одат на училиште.
|
|
Прозата контра на депресијата
Депресијата е чувство кое го тишти човекот. Го затвора во себе и го прави меланхоличен. Ако се канализира, може да излезат ремек дела. Едгар Алан По, цел живот бил депресивен и ги напишал најдобрите дела во американската литература. Слично било и со нобеловецот, Ернест Хемингвеј. По фамилијарна трагедија, депресијата навлегла во срцето и душата на младата Ивана Ѓоргоска. Ама наместо да се заклучува во себе, Ивана нашла тактика како да направи метаморфоза. Почнала да пишува, скромно, без идеја. И се ределе реченици во тетратката, додека не í "светнало" дека ако на напишаното му даде смисла, може да излезе цела книга. Почнала сериозно да ја сфаќа прозата. Тргнала полека, со вовед, заплет и расплет. Резултатот бил книгата насловена "Ангел без крилја". Прозното дело е роман за млади со социјални, љубовни, семејни и сци-фи мотиви. Приказна која го поврзува реалното со надреалното. Накусо, одлична книга од рацете на ученичката во втори клас во СОУ "Кузман Јосифоски - Питу". Толку е добра, што на конкурсот во Битола добила прво место. Организаторот направил и печатена верзија со 400 примероци. Изненадува фактот што 10 примероци ќе бидат преведени на српски јазик, за нивниот пазар. Ивана ќе добие 200, кои планира преку презентации да ги продаде, да има мотив повеќе за пишување. Дејството го смислила, без да копира стилови и фрази од други писатели. Вели дека уште се пронаоѓа, уште не гледа јасно во иднината. Член е на друштвото на писателите каде очекува да изгради препознатлив "потпис". Ивана размислува да биде криминолог, адвокат или писател. Тоа í е "маката" со повеќето таленти. Слободното време го користи за дружба со другарите, а кога не е со нив мерак í се авантуристички романи. Омилен и е Хари Потер. Повеќе сака да ја чита отколку да филмови, бидејќи 700 страници не можат да се "доловат" низ 90 минути. Го обожава Џони Дип, особено во улогата на капетан Џек Спероу во "Пиратите на карибите". Капетанот секогаш има компас и цел, па затоа и Ивана заврши со зборовите: "живееме да ги исполниме целите, и само ако ги исполниме, значи сме постоеле".
|
|
Идол ми е Горјан Петрески
Виделина доживеа збирката поезија "Мисија" на талентираната тинејџерка Теодора Силјаноска на 15 годишна возраст. Гимназијалката со поетско публикувано првенче сака да пишува, Стиховите се посветени на прерано згаснатиот живот на интерпретаторот Тоше Проески. Пишува од прво одделение. Литературата е мој избор, насока и за понатаму. Омилен автор ми е писателот Горјан Петрески - вели таа. Зад неа стојат повеќе награди, а, покрај поезијата, свири на виолина и е надарена за цртање.
|
|