PDF Печати Е-пошта

Лански даноци и в година

Додека фирмите ги добиваат решенијата за фирмарина, првиот локален даночник Бошко Талески објаснува како се трошат парите на граѓаните и на фирмите, кои се основните извори за финансирање на градското уредување и инфраструктурата. Тој смета дека даночниот систем е реформиран и е во функција на остварување на потребите на граѓаните. Плодни се стремежите за поставување на модерна и ефикасна организација. И в година ќе продолжи тенденцијата на рекласирана даночна политика. Тоа значи дека нема да пораснат локалните даноци - данокот на имот, данокот на промет со недвижности и данокот на наследство и подарок и комуналните такси. Се очекува и идната година да биде стабилна да бидеме во можност да постигнеме добри фискални резултати. За тоа се направени солидни подготовки - вели Талески. Огромен даночен катастар се создаде со евидентирањето на бесправно изградените објекти кои бараат легализација за едно евро од метар квадратен. Тоа ќе ги открие скриените имоти. Во тој контекст е законската регулатива за транформација на државното во приватано земјиште. Податоците ќе послужат за зголемување на приливите во локалниот буџет, без да пораснат даночните стапки. Очекуваме солидна фискална година - прогнозира Талески. Тој информира дека граѓаните се дисциплинирани. Речиси 90 отсто ги платиле даноците. Остануваат уште околу десетина проценти до крајот на годината, кои поради навиките, ги оддолжуваат обврските на крајот од годината. Евидентна е висока граѓанската свест. Малкумина се обидуваат да направат даночни измами или затајувања. Се контролираат малку обврзници, а уште помалку се користи принудната наплата. Сé на сé, мала е даночната евазија и сивата економија - вели Талески. Тој најавува отворање на граѓански дневник за реално мерливо претставување на стандардите на услугите добиени од даночните обврници и даночните посредници.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

На Економскиот факултет

СВЕЧЕНО ВРАЧЕНА СПОГОДБАТА ЗА СОРАБОТКАТА СО УКРАИНСКИОТ ИНСТИТУТ

Спогодбата за соработка помеѓу Економскиот факултет и Економскиот институт од Украина која неодамна беше потпишана при посетата на прилепската делегација на Украина, градоначалникот Марјан Ристески му ја додели на деканот на Економскиот факултет Ѓорѓи Манчески на свеченото доделување на дипломи на Економскиот факултет во Прилеп. Економскиот факултет од нашиот град потпиша договор за соработка со Економскиот институт од Украина. Соработката меѓу двата факултета ќе се состои од размена на студенти и програма за подобар развој. Оваа соработка ќе биде отворена, а е од голема важност и за двете образовни институции.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Нови вкусови на стоби флипс

Витаминка лансира три нови вкусови од брендот Стоби флипс. Палетата е збогатена со Стоби рингс во форма на прстени со вкус на кромид и павлака, и Стоби стикс стапчиња со вкус на хотдог и на кечап. Витаминка ја развива производствената палета со воведување линија снекови како надополнување на линијата солени производи, во кои влегуваат Стоби флипсовите. Еден од ретките производи со предзнакот македонски е брендот Стоби. Извезуван е и е баран на сите континенти во 25 земји. Тоа нé мотивира да вложуваме, да сме иновативни и да го развиваме. Пласирањето на трите нови производи значи не само зголемување на палетата, туку и потврда на квалитетот, препознаен од многу генерации - изјави Влатко Трпаноски, комерцијален директор во Витаминка. Стоби флипсот континуирано се произведува од 1978 година. Покрај основниот вкус Стоби флипс, има развиено уште и Стоби флипс со вкус на сирење и пица, а од благиот Чоко Стоби.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Ден на идеи на локалната самоуправа

Полно применливи идеи за подобар град

Педесетина граѓани му ги презентираа своите идеи на поединечни средби на градоначалникот Марјан Ристески и неговиот тим за новиот проект на локалната самоуправа, наречен “Ден на идеи”. Ристески констатира дека првите неколку средби сведочат дека граѓаните покажуваат интерес,а нивните рамисли претставуваат солидни и применливи идеи, кои со дополнувања би се реализирале, зашто се од значење за пошироката заедница. Ќе ги користиме идеите. Тоа не значи дека сите ќе се реализираат. Тоа што е добро и е во контекст на буџетот и финансиската можност на општината, а е позитивно за квалитетот на животот, веднаш ќе добие приоритет - рече првиот човек на градот. Горан Апостолоски смета дека би било од општа полза да се постави база на податоци на сите спортисти и спортски колективи. Идеи за паркинг простори даде Кире Станкоски. Локалните власти ќе организираат еднаш месечно “Ден на идеи”.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Одговорна компанија е Прилепската пиварница

Прилепска пиварница доби признание за посветеноста во намалувањето на разликите на лицата со посебни потреби. Ова признание им го додели министерот за правда Блерим Беџети на манифестацијата "Различни, а еднакви". Прилепска пиварница влезе меѓу општествено одговорните компании со големиот број донации за лицата со посебни потреби, поткревањето на јавна свест за групите во општеството, на кое им треба поголема поддршка и други активности. Компанијата, која е наше семејство, каде дом имаат околу 250 вработени, се обидува позитивната енергија да ја пренесе насекаде каде може, на различни начини. Се надевам дека успеваме - рече генералниот менаџер Сашко Самарџиоски.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

lokalna.jpg

Присутни гости

Има 8 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп