PDF Печати Е-пошта

Интервју - Димитар Стевананџија - пратеник

ЗНАЧИТЕЛЕН ДЕЛ ОД БУЏЕТСКИОТ КОЛАЧ ЗА ПРИЛЕП

Околу 97 милиони денари за изградба на 7,5 километри пат до манастирот Трескавец

Алинци ќе стане реалност, бидејки вкупно 518 милиони денари се издвоени за изградба на инфраструктурата во нашата и уште две зони во земјава

По неколку месеци парламентарец, граѓаните би ги интересирало, успевате ли да излобирате прилепски проекти во владата?

Да. Тоа е наша обврска. Затоа сме избрани. Да се бориме за повеќе прилепски проекти да влезат во проекциите на буџетот. Одговорноста и успешноста се цени според активното учество во одлучувањето и лобирањето како за проекти од национален интерес, така и за проекти од локален карактер. Граѓаните, при изборот, очекувале да успееме да добиеме средства и да ги реализираме. Во првата година од нашиот мандат, Прилеп во буџет зазема достојно место.

Се потпиша договорот за пречистителната станица следен со шест милиони евра буџетски и со 14,5 милиони евра европски пари?

Благодарение на добрите проекти финансирани од ЕУ, обврска на државата е и таа да учествува со дел од средствата. Така е и со пречистителната станица, проект кој се официјализира на 8 декември. Прилеп ќе добие 20,5 милиони евра за реализација. Во овој буџет предвидени се и 97 милиони денари за изградба на 7,5 километри пат до манастирот Трескавец што беше долгоочекуван проект, но и изборно ветување.

Бизнис секторот "плаче" за  простор. Како леб ја чека индустриската зона кај Алинци. Преку собранието, можете ли да го "поттурнете" и тој проект?

Конечно и технолошко индустриско развојната зона Алинци ќе стане реалност, бидејќи 518 милиони денари или осум милиони евра се издвоени за изградба на инфраструктурата во нашата и уште две зони во земјава. Веќе се занимаваме со инфраструктурата, а дел од другите општини уште изготвуваат. Експресниот пат Фариш - Градско е влезен во тригодишната програма за реализација и со тоа ќе се реши еднаш за секогаш проблемот на жителите на Прилеп, Битола, Ресен, Охрид со таканаречениот пат - убиец.

Се создава ли подобар економски амбиент?

Македонската влада, во услови на тешка економска криза, успешно се справува со предизвиците. Потврдата доаѓа од Светската банка. Затоа има доволно средства и за нашиот град. Многу е битна и соработката со локалната самоуправа, но и нејзините капацитети да изготват проекти за реализација.

Загубарите пред решение

Владата и парламентот активно се вклучени и во изнајдувањето на стратешки партнер и за двата прилепски загубари, Тутунскиот Комбинат и Еурокомпозит. Веќе има почетни позитивни сигнали од странски компании. Верувам оти за брзо, овие фирми ќе работат рентабилно како некогаш.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

lokalna.jpg

Присутни гости

Има 11 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп