PDF Печати Е-пошта

Топла зима со греалки "Хримакс"

Произведуваат и сандачиња за струја, хидранти, за пошта...

24 часа в дуќан располагаат со водоводна, електро опрема, санитарија...

Расте фирмата "Хримакс" на Христијан Тасески веќе десет години заедно со подемот на трговскиот дел, но и со производството. Од препродавач на електро материјали а, особено резервни делови за електрични шпорети на тезгите на пазарот, веќе стана респектабилно претпријатие од каде излегуваат кварцни греалки, сандачиња за вградување електро - осигурачи, поштенски сандачиња и сандачиња за хидранти. Не ја запоставува трговијата во дуќанот на улицата "Кузман Јосифоски". Таму се нудат сите електро и водоводни елементи за инсталации, санитарија, канализација, железарија, од кабли, цефки, фитинзи, штекери..., сé што е потребно за вградување во нова куќа. Се најдуваат и резервни делови за шпорети, фрижидери, бојлери... И тоа 24 часа без празник. Продукцијата ја има низ прилепската и целата македонска трговија, оти доминираат со најниски цени на кварцните греалки со различна моќ.

Како растеше Хримакс?

Тасески вели дека бизнисот тргнал од тезгите на пазар со продажба на српски рингли и други делови за домаќински апарати пред повеќе од десет години.

- Постепено напредував. Отворив дома дуќан со проширена палета. Продавав и кварцни греалки и греалки за бања. Почнав и да ги произведувам. Ме охрабри човекот од каде што ги купував. Постепено купував машини за виткање и сечење на лимовите, купув дури и бојаџилница и комплетирав линија во погон за производство на греалки. Покрај нив произведувам и сандачиња за поштата, за струја и хидранти. Бараат и држачи за клима уреди и за керамиди. Тоа е дел од продукцијата - вели Тасески.

Сопственикот на "Хримакс" не се жали. Вели дека добро оди бизнисот со голем напор, иако опаѓа побарувачката на греалки.

- Не сум сезонски ориентиран. Зиме одат греалките, а лете сандачињата. Правам и рафтови по порачка, сандачиња за клими, за прва помош. Имам мака со нискиот напон на струјата во погонот. Се снаоѓаме со шест-седумте вработени - објаснува Тасески.

Тој планира да набави уште некоја машина за да се усоврши и рационализира производството, да се поткрени квалитетот и да биде конкурентен со поголемите производители, нудејќи поголем и поефтин асортиман. Се носи со идеја да прави панелни греалки и сандачиња за водовод, арматури за неонки.

Но, целиот бизнис му е поврзан со струја во погонот, која, понекогаш, поради падот на нискиот напон, му прави големи штети на машините. Со изградбата на  пречистителната станица во близина на погонот, очекува да го реши прашањето со струјата.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

VITAMINKA.jpg

Присутни гости

Има 10 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп