PDF Печати Е-пошта

СТАРИ ЖЕЛБИ ЗА НОВА ГОДИНА

Билјана Димеска - референт 

- Здравје во семејството, повеќе време за своите. Поголема продуктивност во работата. Изучување на турскиот јазик како потреба за подобро работење во филијалата и позитивни ефекти во работењето. Повеќе клиенти со зголемена доверба во банките како институции кои ги чуваат и зголемуваат нивните финансиски средства. Подобрување на градската инфраструктура, особено паркинг просторот.

 

 

 

Владко Пејкоски - сметководител  

- Новата да биде како и старата, само да не е полоша. Среќа, здравје и радост во фамилијата. Подобрување на стандардот и излез од економската криза со надеж никогаш да не се повтори. Поголема хуманост меѓу граѓаните. Толеранција и соживот на сите социјални категории и намалување на јазот меѓу нив. Подобар и поквалитетен избор на ТВ канали, особено спортските.

 

 

 

Борис Мавроски - агент за осигурување 

- Да се подобри економската состојба и надеж за новороденче. Да се создаде поволна атмосфера за подем на инвентивните луѓе, а и за останатите. Да се препознаат предностите на животното осигурување и позитивен пристап за излез од лошата економска состојба. Здравје и бериќет за сите прилепчани. Што е можно повеќе издадени полиси за осигурување на животот, како највредно нешто, за кое вреди да се инвестира. Да се тргне настрана голема грижа од умот.

 

 

 

Горан Јорданоски - обезбедувач 

- Поголеми примања и во новата година со надеж за женска принова во фамилијата. Мирна и стабилна атмосфера на работното место, со повеќе клиенти, без потреба за интервенција. Почитување на приватноста на шалтерите. Конечен крај на рецесијата и подобрување на економската состојба во градов и државава. Подобра патна инфраструктура. Здравје и среќа за сите.

 

 

 

Дејан Анѓелески - инспектор во ПС Прилеп 

- Остварување на професионалните задачи и подобра безбедност за граѓаните. Помала стапка на криминал и да го направиме градот подобро и помирно место за живеење со помош на граѓаните. Првенствено, здравје и среќа во фамилијата, а и за секоја друга во Македонија. В година очекувам да се посветам  повеќе на моето хоби - енигматиката.

 

 

 

Емран Бајрамоски - невработен  

- Наоѓање на работно место со стабилна плата. Да престанам да бидам "роб" на социјалните работници и товар на општеството. Среќа и радост во фамилијата, и нормално повеќе пари за да можам да основам сопствена фамилија. Бериќетна Нова година за сите, без разлика на вера и политичка определба. Разбирање за проблемите на ромската заедница од останатите.

 

 

 

Зоран Тошески - келнер 

- Подобро вработување, повисоки плати и Боже здравје, нов автомобил. Повеќе гости во кафулево. Да има рекласирана и убава атмосфера. Гостите задоволни да го напуштаат кафлето. Ја одрувам и унапредувам стекнатата профисионалност при услужувањето и приредувањето на одлична новогодишна журка. Клубов да "цвета" од задоволни муштерии, и стари и нови.

 

 

 

Илија Димоски - пензионер 

- Подобри пензионерски денови, повеќе странски инвестиции во градов и државава, како и подобри меѓучовечки односи. Да се подобри економската клима за да доведе до подобри шанси за вработување на младите, наместо да безделничат во чаршијата и да ги трошат парите на родителите, кои мака мачат да "врзат крај со крај"

 

 

 

Орде Орданоски - средношколец  

- Успех во учебната година, подобри забави во летниот период и со Господ напред, запишување на машински факултет. Подобрување на условите во средното индустриско училиште. Подобар однос меѓу вработените и учениците и позитивна клима кај соучениците. Повеќе места за добра забава за да не се повторува "истрошената шема". Кул забави со супер девојки.

 

 

 

Тони Богоески - офицер 

- Здравје и среќа во фамилијата и за сите останати. Повисок стандард на живеење. Остварување на зацртаните цели на професионален план со можност за унапредување и повисок армиски чин. Стабилност во Македонија и регионот и мирно решавање на меѓунационалните и меѓународни проблеми. Армијата да служи само за мирнодопски цели.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

Logo Prilep 72.jpg

Присутни гости

Има 6 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп