PDF Печати Е-пошта

На јаве каталогот за Музејот за тутун

Каталогот за експонатите на Музејот за тутун, испечатен на македонски и англиски јазик ќе доживее јаве. Во вторник ќе биде промоцијата на трудот на етнологот Александар Цветкоски. На 102 страници, преку збор и фотографии, е раскажана историјата и потеклото на бројните експонати. Интересни се "приказните" за лулињата, табакерите, бурмутиците, шанданите, наргилињата, пепелниците..., меѓу кои и  за единствениот пепелник во светот, "Софиските трудбенички". Музејот располага со збирка од над 3000 експонати, уметнички дела, фотографии, макети на објекти од манипулација со тутун и дел арте предмети од тутун. Етаблиран е како привлечна туристичка дестинација, бидејќи експонатите се историјата на Македонија преку тутунот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Цеца Видова Трајческа, претседател на Клубот на литературни творци

Виделина на пишаниот збор

"Литературата досега немаше канал, излез да се пренесе сé она што не пече. Новоформираниот Клуб на творци токму тоа ќе им го овозможи на сите што го сакаат пишаниот збор". Вака вели Цеца Видова - Трајческа, претседател на Клубот на литературни творци, преку кој ќе се афирмираат литературата и пишаниот збор, бидејќи клубот е членка на Здружението на литературни клубови на Македонија. Засега членуваат 20 литерати, со тенденција да им се придружат и други творци, оти се отворени за соработка со секој што го сака, негува и почитува  пишаниот збор. Стартот им беше со поетската вечер посветена на Блаже Конески. Предвидени се наградни конкурси, поетски вечери, издавање на алманах, вечери посветени на значајни творци и на лауреати на Струшките вечери на поезијата. Сé што е интересно кај пишаниот збор, да излезе на виделина - додава Трајческа. Цитирајќи го Ацо Шопов, кој рекол:  "Ако  имаш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабоката тишина, тишината сама ќе го рече",  првиот човек на Клубот најавува акција за почитување на пишаниот збор, литературата, но и на македонскиот јазик.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Слики, инсталции... на ДЛУП

Под мотото "Традицијата е код - традицијата е течение" во среда од 19 часот во галеријата на ЦК "Марко Цепенков" ќе биде отворена годишната изложба на уметници, членови на ДЛУП. На светлост ќе излезат слики, скулптури, инсталации, на кои традиционално или пак модерно се претставени инспирациите на уметниците, кои делата ги доставија на конкурсот што  го објави ДЛУП. Изложуваат Анита Сотироска, Бојана А.Трпческа, Даниела Настоска, Емилија Горгијоска, Васил Костов, Марија Стојаноска, Емил Димоски, Александра Богоеска, Орде Стамболџиоски, Маја Најдоска и Марија Ѓоргијоска од Прилеп, скопјаните Маја Ралева и Мирослав Стојановиќ, како и гостинот - српскиот уметник Горан Остоиќ.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Новогодишен концерт на музичкото училиште

Со изведба на дела од Дебиси, Бах и други автори, учениците од музичкото училиште ќе ја презентираат стекнатата вештина на свирење во текот на годинава на различни инструменти на традиционалниот новогодишен концерт кој ќе се одржи в понеделник во Театарот. Класиката ќе се зачини со "уметнички" третман на свирката на народните инструменти, кои веќе се негуваат во музичкото. Покрај солистите, ќе настапат и оркестарот, хорот и оркестарот на народни инструменти.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

НУЦК,, Марко Цепенков,,

Репертоар на театарот

Сабота, 24 декември

19.30

,, Од кол на кол,, режија Коле Ангеловски

Недела, 25 декември

12.00

,,Јунаците од бајките,, режија Петар Димоски

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Монодрамата "...Шаторо"  наградена во Корча

Специјална награда за најдобра претстава во целина доби прилепската монодрама "Јас, Илија Димоски - Шаторо" од Петар Петрески во изведба на Трајче Иваноски - Пепио, во режија на Игор Трпче на затворање на 16-тиот Интернационален фестивал на монодрама АЛБА МОНО во Корча - Албанија. Драмата беше независен проект на Театарската работилница - Прилеп. Наградата за најдобар актер отиде во рацете на Јоана Попоска, за изведбата на монодрамата "Љубов моја", во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, а во  продукција на Малиот драмски театар од Битола. Награди добија и гостите од Полска и Крагуевац. На еднонеделниот фестивал со дваесетина монодрами учествуваа актери од десетина земји.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

lokalna.jpg

Присутни гости

Има 9 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп