|
Ревијален меч во мал фудбал
Новинари - Камермани 3-1
Во рамките на хуманитарниот турнир, во спортска арена "Сонце" се одигра ревијален меч во мал фудбал, меѓу екипите Новинари и Камермани. По првото израмнето полувреме и промашени зицери од еден метар беше 0-0, а во второто растураше Николче Димески од Канал Визија со хет - трик и победа на Новинарите од 3-1, а само почесен гол на Илчо Димески за Камерманите. За Новинарите настапија: Љупчо Мургоски, Петар Димоски, Зоран Игески, Николче Димески, Лазе Стојаноски, Кристијан Неделкоски, Менде Боболески, со тренери Драги Башески и Миле Талески. Поразените Камермани беа претставени од Марјан Паскоски, Дарко Катушев, Златко Андоноски, Илчо Димески, Игор Велкоски, Сашо Андоноски, Николче Пулески, Роберт Темелкоски и Раде Дамјаноски.
|
|
Камени магацини за тутун без инсекти
Камените магацини, каде и сега вработените на Тутунскиот комбинат складираат стокмен тутун од највисок квалитет за странство не се разликуваат денес и пред 80 години. Во повеќегодишната историја на Комбинатот, тие биле темелот каде се собирал, се складирал и се ферментирал откупениот род. Велат дека и мајсторите, кои ги граделе пред повеќе од 150 години знаеле марифет на ѕидање објекти од ваков вид за да "зрее" тутунот природно, а да не мувлосува. Дали мајсторилакот бил во каменот или во експозицијата на објектите, или пак во бројот и големината на прозорците, никој не знае да каже. Се знае дека во камените магацини се оставал тутунот, без многу мака да стои, без да се расипе. Не се користела хемија за заштита од разноразните инсекти кои го напаќаат сувиот тутун. Магацините се конструирани за "здраво" одржување на тутунот, небаре со клима уреди.
|
|
Шарени новогодишни ноќи
Новогодишни елки во полн сјај, украси на секоја светилка, блеснати фонтани, шарени дрвја и фантастични ноќни л'снати фасади. Тоа е дел од новогодишното руво на градот кое го збогати и снежната покривка. Работниците на Електроточила уште го китат градот во новогодишен декор. Блеска и зградата на Локалната самоуправа во чиј хол се наоѓа новогодишна елка која ја красат фтотографии од реализирани проекти и одржани настани. Уникатните "лампиони" говорат за стотици, стотици завршени задачи на локалните власти. Светилките во различни колори низ градот предизвикуваат радост и чувство на ведрина и оптимизам, стремеж дека новото лето ќе донесе кому повеќе љубов, кому здравје, кому среќа, кому работа, кому повеќе пари. Дедо Мраз ќе ги радува и децата и мајките и татковците, но и бабите и дедовците. Тргна новогодишната треска. Празничниот панаѓур во "Марко Цепенков", мами со честитки, играчки, украси и "џиџи-миџи"... Ама, за Божик, наш или католички, и за Нова Година, и најголемиот скржавец ќе го отвари ќесето за радост на најмилите.
|
|
ФОТКА НА НЕДЕЛАТА

|
|