PDF Печати Е-пошта

"Кочо Рацин" ги зграби наградите на Лајонс


На тестирањето спроведено од Лајонс клубот, минатата недела, најдобар избор на ученици имаше ОУ "Кочо Рацин". Во рацете на учениците од петто до осмо одделение завршија три први, две втори и три трети места во конкуренција од 150 ученици од градов и околината. Првите места им припаднаа на Андреј Стефаноски од шесто одделение, Александар Ристески од осмо одделение и Александра Гическа од петто одделение. Второпласирани беа Јована Костоска и Марко Маркоски, а бронзата ја "зграбија" Јана Пашоска, Леонид Дамкоски и Галена Аризанкоска. Овие се прелиминарни резултати, а "малите лавчиња" ќе се докажат по втор пат во април наредната година на втората етапа од тестирањето. За изборот на "елитата" од ОУ "Кочо Рацин" било извршено интерно тестирање, а повозрасните ги предложиле наставниците. Марко од осмо беше најречит и кажа дека не му биле проблем ниту еден од предметите, со тоа што повеќе го влече математиката, па најверојатно ќе продолжи во техничката насока. Андреј Стефаноски имал проблем само со времето и вели дека ќе освоел повеќе бодови ако имало повеќе време. Тој сака да биде био-инженер и да ги "строи" ДНК хеликсите. На Александра Гическа најмногу и одат јазиците, а за иднина планира да биде професионален клавијатурист оти досега има освоено 11 дипломи од секаков карактер. Овие "махери", слободното време го користат гледајќи филмови и играјќи на компјутер. "Генијалката" Александра ги свири сонетите на Моцарт и Шуберт и гледа анимирани филмови. Марко е "металец", а Андреј е по хип-хопот со неговите идоли Еминем и доктор Дре. Додека Александра го шетка кучето Клеа, машките се "зацапани" во компјутерските игри. Со "стратегиите" ги длабат мозочните кори и наоѓаат начин да го применат виртуелно наученото во реалниот живот. Прво наградениот седмоодделенец Александар Ристески ужива во класичниот рок со фаворитите Гунс & Россес , "тренирајќи" го мозокот за англиски јазик. Кога не игра кошарка или тенис, гледа авантуристички филмови, како Пиратите од Карибите. Треторангираната Јана Пашовска  ги следи сериите Монк и Криминални умови, додека умот í "шета" кон адвокатските води. Се релаксира со Аврил Лавињ, а се "истегнува" играјќи одбојка. "Бронзената" Јована Костоска покрај љубовта кон англискиот има и љубов кон рекетот и жолтото топче. Како и повеќето од "елитата", и таа свири на клавир. Спортски најактивна е Галена Аризанкоска која тренира одбојка и ракомет шест часа неделно. Не размислува за понатамошна кариера. Ужива во српска народна музика и со англиската пејачка Александра Стоун. Сака да чита, а омилена книга и е Двојната Лола. По "дифолт" сите се "зависници" од Фејсбук. Да не се "подгрбават" од учење, физички возат велосипеди, а Александра вежба пливање лете.

По стапките на темпларите

По двајца ученици од четврто до осмо одделение од основните училишта, ги бранеа училишните бои со екипа од "ТОП 15" ученици. Лајонс Клубот, познати како "Витези на слепите" го организираа тестирањето, помагајќи им на нашето најголемо  богатство - децата.       ОУ "Блаже Конески" беше домаќин. Децата ги одмеруваа знаењата по математика, англиски и македонски. Тестот компјутерски се проверува, да се избегне човечкиот фактор. Најдобрите ќе добијат вредни награди. Координаторот Пеце Петрески изјави дека манифестацијата има намера систематски да го следи успехот на учениците и е еден вид супервизијата на оценувањето.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Нема "рубикова коцка" за Меланија

Да беше војник, сигурно дека Меланија Мицеска ќе дешифрираше пораки со брилијантното познавање на математиката. Седмоодделенката во ОУ "Климент Охридски" ги "растура" соучениците на натпреварите по  математика. Небаре "фурија, ги освојувала сите бодови со "откривање" на решенијата на задачите од алгебра и од геометрија. За неа нема нерешлив математички проблем. Скромното девојче уште на десет години освоило прво место на регионален натпревар. После се вивнала и во државна конкуренција. Го делела првото место со четири ученици. Наградата í обезбедила "виза" за Олимпијадата по математика во Скопје. Во шесто се качила на прво место на општинскиот натпревар по информатика, математика, македонски и англиски јазик. Ја соборила "генерацијата" во сите дисциплини и била прогласена за најдобар ученик во градов. Наградите не изостанале. Добила SWATCH часовник, петтдневен одмор во Охрид и козметичка колекција. На Меланија í оди англискиот, што го научила, поради љубовта да ја следи без превод омилената серија Озборувачка. Нетипично за возраста, "опседната" е со крими и трилер филмови. Го издвојува Unknown со Лијам Нисон. Се дружи со соучениците. Излегуваат заедно навечер да ја "измерат" чаршијата. На сите наставници им е миленичка, бидеќи е мирна, примерна, скромна и вредна. Има нешто што не ñ лежи, ама по сé има петки, оти учи. Физичко í е "трн во око". Не ñ оди, ама настојува да даде сé  од себе. Сестраната Меланија го претставува училиштето и со својот глас, пеејќи на смотрите и патрониот празник. Омилени пејачки и се Бијонсе и контроверзната Лејди Гага. Анџелина Џоли ја плени со нејзиниот изглед, а и со ставот, разумот и хуманитарните карактеристики. Пред седмоодделенката претстои дилемата, дали да оди во Гимназија или во медицинско. Како и да е, знае дека ќе биде професорка по математика. "Боза" í се задачите во наставата. Со наставничката Моника Богданоска го остри умот со потешки математички проблеми. Менторот по математика í е идол, оти го препознала талентот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Снег нека вее - ново парно грее

Во ОУ "Добре Јованоски", зимава нема да биде студена. У чениците ќе имаат "тропска клима" и во ходниците и во училниците. И досега тоа не беше некој голем проблем, ама старата котларница, го "отпеала" своето, па системот за греење повремено откажувал. Со помош на локалната самоуправа купени се два нови котли заедно со нови цевки и бренери. Котларницата сега изгледа како аптека со "џиш" црвените котли. Реконструкцијата траеше четири дена. Водевме сметка да не се прекинува наставата - објасни директорката Љубица Лашкоска. Нема да прават "рокади" со радијаторите од ходник во училница и обратно, затоа што имаат и нови радијатори. Правиме сé за подобри услови на учениците, затоа што тие ни се на прво место - заврши Лашкоска.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Потсетување на небрежанецот

Годинава ОУ "Блаже Конески" славеше 90 години од раѓањето на творецот на модерната македонската граматика и 25 години од отворањето на училиштето кое го носи неговото име. Патрониот празник бил планиран до минута, сé  било конец, и до посетата на селото Небрегово, родното место на Блаже Конески, се до разгледувањето на експонатите на музејот во спомен куќата на наследникот на Климент Охридски. Учениците од повеќе училишта извеле драмски настап и читале рецитали за спомен на деецот. За празникот, еко-патролата, заслужна за добивањето на престижното Зелено знаме, свечено го подигнала на јарболот пред училиштето, а пладнето било резервирано за академијата посветена на патронот. Учениците извеле и богата  програма со рецитали и биографски читања за граматичкиот крстоносец.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

pp_logo.gif

Присутни гости

Има 6 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп