PDF Печати Е-пошта

СВЕТИ НИКОЛА ГО ШТИТИ ПРИЛЕП

Се продолжи традицијата како што доликува за големиот празник на градот, Свети Никола, по шести пат. Со светиниколските сарми, големи колку лешник, кои се единствени и уникатни за нашиот град, со посно гравче и риба, со вино и ракија и благослови за здравје, радост и бериќет прилепчани го прославија патрониот празник. Се нагостија од богатата посна трпеза на булеварот. Домаќинот, Стопанска Банка од Скопје го одврза салам кесето и послужи над 65.000 посни сарми, 200 килограми грав, 250 килограми риба, сокови, вино, чај. Чест е домаќинлакот на ваква прослава - рече Глигор Бишев, генерален директор на Стопанска Банка од Скопје, кој како домаќин им посака бериќет на прилепчани. А Прилеп напредува, откако го има за заштитник Свети Никола, светецот кој е познат по тоа што ги дарувал сиромашните, што ги поддржувал болните, немоќните, кој е симбол на дарежливоста и благородноста. Свети Никола не случајно е светец - заштитник на Прилеп. Секое второ домаќинство за своја слава ја има Свети Никола. Да го славиме светецот, да ги продолжиме традициите, да си посакаме развој и бериќет за градот - рече градоначалникот Марјан Ристески. Поглаварот на МПЦ г.г Стефан служеше света архиерејска литургија во црквата "Свето Благовештение", а крај Параклисот каде се крштеваше водата и се заврти славскиот колач, Владиката Петар говореше за чудата на Свети Никола. Кумството за в година го презеде Ирена Јакимоска, косопственикот на конфекцијата Комфи Ангел. Домаќините добија статуетки со ликот на заштитникот на градот кои им ги подари градоначалникот Ристески.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

EKONOIMSKI.jpg

Присутни гости

Има 9 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп