PDF Печати Е-пошта

Откупот на тутунот станува празник

"Без реакции на тутунарите веќе се откупени околу 20 отсто од годинешниот род на тутунот во земјава главно произведен во прилепско со просечна цена од околу 170 денари. Производителите се задоволни од досегашната проценка на осумте откупни фирми, оти цените се повисоки за околу 20 денари во споредба со лани". Ова го изјави, заменик - министерот за земјоделство Зоран Коњановски во Тутунскиот комбинат, потсетувајќи дека и годинава државата ќе го субвенционира со 60 денари од килограм тутунот тежок 18 илјади тони. Создадена е култура на однесување меѓу тутунарите и откупувачите. Постои меѓусебен респект, не само за откупот, туку и претходно. Средствата се исплаќаат не подолго од 30 дена, согласно договорите - вели Коњаноски. Гоце Трајкоски, тутунар од Прилеп, е задоволен од проценката. Донесов 500 килограми квалитетен тутун кој "помина" во просек од 165 денари. Проценителите се коректни. Го ценеа според мострите. Само, треба да се "качи" третата класа, оти е малку 112 денари. Голема е разликата меѓу првата и третата класа. Реално, родот не треба да биде поефтин од 180 денари од килограм - вели Трајкоски. Не е задоволен од цената на третата класа Данчо Милески, претседателот на здружението на тутунарите. Бараме смена на неколку одредби од законот за да учествуваме во одредувањето на цените на тутунот. Кога ќе се вкрстат трошоците, ќе се добие цена на третата класа од 140 денари. За следната сезона ќе се смени законот и ќе влијаеме на креирањето на цените, заедно со откупувачите и министерството - вели Милески. Во прилепско годинава, околу 12 илјади семејства ќе предадат 14 илјади тони тутун од ориенталниот тип "Прилеп".

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Полицијата пак сектор за внатрешни...?

Првиот човек на јавната безбедност на МВР Љупчо Тодоровски ќе побара смена на законот, со кој Прилеп ќе се врати во сектор за внатрешни работи од сегашниот статус на полициска станица во рамките на СВР Битола. Во следните измени на законот, ќе побарам Прилеп да биде сектор за внатрешни работи, бидејќи безбедносната состојба е подобрена. Прилепската полиција е пред останатите градови во поглед на откривање на кривичните дела - изјави Тодоровски на разгледувањето на реновираните простории на полицијата.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

СТОПАНСКА БАНКА - СКОПЈЕ - ВО НОВ ОБЈЕКТ

Дирекцијата на Стопанска банка - АД - Скопје заедно со неколкуте шалтери кои се наоѓаа на плочникот, сега се преселени во нов објект наспроти Центарот за култура Марко Цепенков. Отворањето на новите модерни деловни простории беше на верскиот празник Свети Никола, кој е и патрон на Прилеп, а годинава домаќин на празникот беше токму банката. Лентата на новата филијала се пресече во присуство на многуте деловни партнери и гости на свечената церемонија по сите адети. Со новите современи деловни простории како што истакна првиот човек на банката Глигор Бишев, ќе се подобрат условите за контакт во интерес на клиентите.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Пратеник или градоначалник?

На крајот на 2011 година политичките карвани полека се загреваат за локалните избори во 2013 година. Веќе се тера внимателна теренска работа да се собере глас повеќе за својот човек. Додека позицијата нема мака со кадровските решенија, врие опозицискиот табор на СДСМ. Од сите страни "демнат" лобирања, па и шиканирања, и грст политикантства. Сите бијат меѓусебен мегдан за додворување на централните партиски моќници. По се изгледа дека опозиционерите не ќе го менуваат стилот, иако не им беше ефикасен на последните избори. Не е тајна дека ќе одат по испробаниот рецепт од 2011 година. Тоа значи познат кандидат за градоначалник, стар активист и висок функционер. Многу симпатизери и членови на СДСМ, таква креација препознаваат во актуелниот пратеник Горан Сугарески. Иако тој го тера вториот мандат, сепак веројатноста е голема дека ќе биде идниот кандидат за градоначалник. Како и да е, времето ќе покаже, кој колку успеал да ги намести камчињата на свое место во политичкиот мозаик и да стане кандидат за градоначалник.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

lokalna.jpg

Присутни гости

Има 7 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп