PDF Печати Е-пошта

Александар Забрчанец година ипол по суспензијата

Ќе ме затвореа, ако имаше нешто

Велеа во Истанбул сум зел пари, а на пасошов се гледа не сум бил од 2002 во Турција - вели Ацуле

После серијата сомнителни меѓународни натпревари, од кои и во елитната Лига на европски шампиони, (Динамо - Лион 1-7!) пак се наметна темата - Победа. Нелогично е наголемо да се местат мечеви пред милијарда ТВ гледачи, а само малиот клуб казнет пролетта 2010, со осум години забрана за настап во рамките на УЕФА и ФФМ. Има ли некаде правда? Доживотно суспендираниот претседател Александар Забрчанец - Ацуле, отвора душа. Зошто настрада само Победа? Сакаа фотелја на ФФМ. Не можеа регуларно да ја преземат власта, удрија на Победа - вели Ацуле. Без никакви и последици  поминаа мечевите од ЛШ следени низ директни преноси со 30 камери, пред милијарда аудиториум. А, Победа пак збришана за дуели со ерменскиот Пјуник (1-3 во Скопје и 1-1 во Ереван) од прво квалификациско коло 2004, од кои малкумина видоа само моменти. Казна, единствена во историјата. Гарантирам немам никаква вина. Казнет без докази. Како може сами да местиме 1-1 во Ереван, без домаќинот? Велеа во Истанбул сум ги земал парите, а на пасошот се гледа дека од 2002 година немам влезено во Турција. Нема материјални докази. Да имаше, нема да ме чешлаат, ќе ме затвореа - тврди Ацуле. Тој нуди ТВ дуел со сите спротивставени, а доколку не се јават планира прес конференција до детали, да ја каже својата вистина за згаснувањето на Победа.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Хуманитарен турнир во мал фудбал

Овации за ветераните на Вардар и Победа

Ветераните на најпопуларните македонски фудбалски клубови, Победа и Вардар, одиграа интересен меч во мал фудбал, пред речиси полна сала "Сонце". Публиката со воодушевување ги поздрави убавите потези. Заслужено победија гостите со 3-6 (0-3), со два гола на Бабунски, по еден на Милошевски, Милевски, Вујовиќ и Ѓорѓиоски. Во составот беа уште Стојановски, Марковски, Герасимовски, а појавувањето на легендарниот тренер Кирил Дојчиновски предизвика долготрајни овации. Победа за чесен пораз се избори со два гола на Стојковиќ и еден на Н. Здравески, а играа уште Смоквоски, Миле и Драган Спиркоски, Шалев, Наумоски, Пеце Ристески, засилени со градоначалникот Марјан Ристески. Поради повреда само тренер беше Марјан Стојкоски - Манта. Натпреварот беше во рамките на тридневниот хуманитарен турнир на Општина Прилеп, фирмата Комфи ангел и Центарот за граѓанска иницијатива, на кој победи Гинис со 1-0 над Комфи ангел. Собраните 200 илјади денари од котизација на 38 екипи и од влезниците, се наменети за Детското одделение на Општата болница во Прилеп.

Утре Бизнис лига

По еднонеделна пауза, в сабота (15, 30 ч.) во сала "Македонија" е 3. коло од Бизнис лигата во мал фудбал. Двојки: Основен суд - Горан паркетар Електроелемент, Сидро - Златна рака Проспект, Лукас Елит - Економски факултет, Агроинвест - Спорт лајф и Прилеп - Кабелнет. Водат С. Лајф и З. Р. Проспект по шест бода, а топ стрелци по четири гола се Оливер Јошевски (Горан П. Е.) и Гоце Макалоски (С. Лајф).

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Ракомет: Промени во Жито Прилеп

Две Црногорки заминаа, три останаа

Отпуштања во женскиот ракометен клуб Жито Прилеп. Заминаа две првотимки, Црногорките, бекот Андреа Кликовац и пивотот Ана Стојановиќ. Нема официјални информации. Се шпекулира дека имало недоразбирања. Тренирам со останатите. Не се занимавам со причините за заминувањата. Се подготвуваме за претстојниот меч дома со Будуќност на 19 јануари - вели Менде Петлески, тренерот на Жито Прилеп. Заминатите беа првотимки кои по доаѓањето летоска имаа место во првата постава. На последниот саботен меч дома со Заечар (23-36), Кликовац играше до повредата и даде еден гол, а Ана Стојановиќ постигна најмногу во тимот, седум. Ке се пополнат празнините, бидејќи од 16 играчи, ги нема бековите Когој, Кликовац и Ивана Петковска, која замина во Шведска, на позиција пивот е без Стојановиќ, а повредена е Илиеска. Останаа три Црногорки и сите се крила, Павичевиќ, Стојановиќ и Матановиќ. Тука е и Романката, голманот Јаломитеану. Има неколку домашни, други пет од страна, а приклучени се пет младинки. До Нова година треба да се одигра барем еден пријателски меч, проверка пред  дуелот со Будуќност.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Фудбал: План за подготовки на 11 Октомври

Одмор до 15 јануари

Според планот на тренерот на прволигашот 11 Октомври, Трајче Илиоски, стартот на подготовките е закажан за 15 или 16 јануари. Одморот ќе трае еден месец. Првите седум дена ќе се тренира во градов, а после во туристички центар. Во третата фаза се пријателски средби. Планот го разгледува Управата. Илиоски изготви стручна анализа за настапите во есенскиот дел, каде тимот се пласираше на последното место од табелата. Документот ќе биде претставен пред водечките луѓе  на клубот и од кој ќе произлезат заклучоци. Таинствено е што ќе се случи со играчите. Не се знае кој заминува и кој останува? На првото прашање нема долго да се чека. Се прави трансфер листата за фудбалерите кои ќе можат да побараат нова средина. Имиња нема предвреме, само шпекулации, а се споменува напаѓачот Марковски. Со заминување на дел од првотимците, остануваат места за "пополнување". Ќе се почека квалитетот на новите. Преовладува ставот дека млади, надежни и со силна желба за афирмација на прволигашката сцена во овој момент се најпогодни за 11 Октомври.

300 факели над Маркови кули

Навивачите "Мајмуни" одбележаа 25 години од постоењето. Над 300 факели блеснаа низ силен огномет над Маркови кули. Се послужи и роденденска торта, а во Центарот за култура се поставија 50 фотографии. Се собраа разни генерации, евоцираа спомени. Од 1986 групата се викаше "Маркови внуци", со Горан Стеваноски - Кец и Рубин Алексоски, а 10 години подоцна се преименува во "Мајмуни" со Дејви Спиркоски и сегашниот лидер, Блаже Димоски - Бибио.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Кошарка

Шесто место

Ултимејт баскет го победи на гости со 68 - 80 последното Неготино и со двата бода се искачи на шестото место од второлигашката табела. Врзани се две победи, покрај претходната дома со есенскиот лидер, струмички Милениум. Билансот е четири победи (уште над Пелистер и Гоце Делчев) и пет порази, со 13 бода. Одличниот финиш дава оптимизам за побериќетна пролет. Наша амбиција беше и остана врвот. Сите сили ќе ги вложиме да го надополниме пропуштеното - вели Влатко Атанасоски, тренерот и претседател на клубот. На табелата Милениум има 16 бода (седум победи и два порази), пред Гоце Делчев, Пелистер и Ангели по 15. Лигата продолжува на 11 февруари, кога У. Баскет гостува на Тетекс во Тетово.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Сиромашна 2011 година

Ближи Изборот на спортист на Зенит

Изминува уште една година, сиромашна со добри спортски резултати од прилепските спортисти. Од бедно, победно. Ближи четвртиот Избор на најдобрите спортисти според Зенит. Скромна спортска година, а со тоа скромен Избор, со цел да продолжи континуитетот. Од идниот број читателите ќе гласаат преку СМС. Во меѓувреме ќе дадат свое мислење компетентните. И на крај да се доделат титулите по категории. Размислуваме, во духот на скромноста, доделувањето на признанијата на најдобрите да биде на спортски натпревар пред публика. Претходните три години прогласени беа, двапати, фудбалерот Илија Несторовски, лани Филип Мирчески, од олимписките, борачот Стојанче Тушески, ракометарките Цветанка Срњакова и Тања Шалевска, а од неолимписките двапати параглајдеристот Мартин  Јованоски и еднаш каратистката Верица Трајкоска.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

EKONOIMSKI.jpg

Присутни гости

Има 11 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп