PDF Печати Е-пошта

Локалниот буџет вгодина ќе "тежи" над 16,5 милиони евра

Пари за училишта, улици...

Општината ќе продава градежно земјиште за куќи, згради и бизниси, а парите ќе се слеваат во локалнотото кесе, а не, како досега, во државната каса

Мнозинството од советниците во градскиот совет го изгласаа буџетот за 2012 година, кој ќе изнесува 16,5  милиони евра. Половината од парите се наменети за образованието и за предвидените реконструкции. Основниот буџет, со кој се следат инфраструктурните зафати и трошоците за локалната власт, изнесува околу 7,8 милиони евра. Според проекциите, 10 отсто од парите на основниот буџет, ќе се користат за плати, наемнини и надоместоци. За субвенции и трансфери за јавните претпријатија се планирани над 500 илјади евра, а најголем дел се за капитални проекти, меѓу кои најзначајни се за локалните патишта и улици, каде се насочени два ипол милиони евра. За регулација на коритото од градската река има 300 илјади евра, за градба на потпорни ѕидови се проектирани над 200 илјади евра, за реконструкција на плоштадот "Ченто", се предвидени 250 илјади евра, а за обноват на терени за мали спортови, 50 илајди евра. Остатокот ќе се експлоатира за други проекти за подобрување на животот на граѓаните.

Како ќе се собираат овие пари? Поголем дел се трансфери од државниот буџет. Државата ќе насочи 8,6 милиони евра за платите и реконструкциите во образованието. Остатокот ќе се собира од даноци и такси без да се зголемуваат давачките на граѓаните. В година Прилеп ќе биде првата општина која ќе продава градежно земјиште и ќе ги прибира парите за да ги користи за градски проекти. Овие средства досега се акумулираа во државната каса. Се очекува да се продаваат парцели за бизнис и за индивидуални и за колективни станбени објекти. Ќе се нудат парцели кај Табана, Касарната, типската населба Градина, индустриските зони Металец и кај Жито Прилеп. Се очекува во локалниот буџет да легнат не малку пари, кои ќе се насочат пак на инфраструктурата и на други проекти што ги финансира локалната самоуправа, почнувајќи од образовните, културните, спортските и другите зафати, предвидени со програмите за 2012 година.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

SONCE_GA.jpg

Присутни гости

Има 11 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп