PDF Печати Е-пошта

Радост за сите деца

Децата не се делат по класи. Секое е вредно и единствено - личност со чувства. Сите доживуваат радост, тага, љубов... Позитивните чувства на децата со посебни потреби ги поттикнаа повеќе здруженија, фирми и вообичаено локалните власти. Локалната самоуправа, Прилепската пиварница, Комерцијалната банка, слаткарниците Дизниленд и Алфа со Црвениот крст ги израдуваа со пакетчиња децата во Дневниот центар. Дури и “грубите”, членови од мото клубот Guardian angels, го тргнале намуртениот изглед од лицето и го замениле со насмевка, а нивните срца, “полни со бензин”, ги отвориле и на децата им подариле радости. Хуманоста доаѓа од сите страни, а штитениците возвратиле со песни и игра, заедно со учениците од музичкото училиште. Се трудиме да ги социјализираме децата. Тоа најдобро се прави за празниците. Научени се дека се ближат и го украсуваат Домот. Изработуваат честитки и подготвуваат приредби за хуманите луѓе, кои ги затоплуваат детските срца, ги поттикнуваат да чукаат побрзо, кога некој ќе дојди во посета - изјави директорката на Центарот за социјални работи Снежана Јованоска. Дневниот центар за децата со посебни потреби доби бесплатен интернет и кабелска телевизија од Кабелнет.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Автобус само за лете

Првите автобуси по ослободувањето во 1945 година, кои ги крстареле прашливите патишта во земјава, а ретко и подалеку, останаа само во спомените на патниците и на по некој од преживеаните возачи. Автобусите биле "откриени одавде - онде", да ги пренесуваат луѓето за мака и за арно до Охрид. Зашто, за Скопје и за Битола, функционирала железницата. За другите градови, освен пајтоните, кои ги превезувале малкуте останати потомци на чорбаџиите, се користеле неколку автобуси кои еднаш или двапати неделно возеле доваму-дотаму. Крнтиите оставени од Германците и од Англичаните најчесто се наоѓале од кај јужниот сосед. Со затегенувањето на односите по граѓанската војна во Грција, големите автомобили за превоз по десетина патници, биле носени во градов од Столицата, од Белград, се разбира преку Скопје. Неколкуте во Прилеп биле ветви, небаре камиони, само за летни превози, зашто стаклата биле искршени, а и подовите зјаеле од сите страни. Дури и покривот прокиснувал, оти бил издупчен од рафали. Такви биле времињата на почетоците на автобускиот превоз. Кога Тито се смири со Хрушчов по Инфорбирото на Сталин, стигнале и "подобри" автобуси од руско потекло. Тие барем не протекувале и биле нешто понови од повоените.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

ФОТКА НА НЕДЕЛАТА


Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 193

163

Избор на бизнис на годината

Ценејќи го претприемништвото, а по успешно заокружената манифестација "Избор на бизнис на годината 2010", неделникот "ЗЕНИТ" продолжи да биде посветен на малите и средните претпријатија и во 2011 година. Наскоро, во 2012 година, ќе го извршиме изборот на најуспешни фирми за минатата година, без разлика дали сме ги претставиле или не во нашата рубрика. И годинава приоритет останува отвореноста и соработката со приватните бизниси со цел да ги доближиме до јавноста. Отстапуваме простор за манифестацијата "Изборот на бизнис на годината 2012, на кој сопствениците на малите и средни фирми, ќе можат бесплатно да ја изнесат идејата и развојот на бизнисот. Остануваме да бидеме врската меѓу компаниите и корисниците за претставување на производите и услугите.

ОГЛАСИ

- Се продава плац за куќи од 1500 квадрати во Марино маало на улица “Велебит”

тел. 071 208 508

- Продавам куќа погодна за магацини, стоваришта на “Драган Димески” 32

тел. 071 - 493 - 886 и 048 - 525 910

Повеќе

Зенит на Facebook

Logo Prilep 72.jpg

Присутни гости

Има 7 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

Во минатиот број одговорот беше ЖЕТВА. При електронскиот избор, најсреќна беше Маја Димоска, која со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп