reklama

reklama

reklama

СТАВЕТЕ КРАЈ НА ПОНИЖУВАЊАТА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 10 пати
Сабота, 24 Февруари 2018

Писмо од Австралија до Претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов

073410mak

Почитувани претседател Иванов, нашиот театар во 2015 година го наградивте со посебна Повелба за активностите во промовирање на македонската култура во Австралија. Годинава навршуваме 11 години од постоењето. Зад себе имаме 15 театарски продукции, создавани и изведувани во Австралија и Македонија. Нашите продукции се наградувани и од австралиските институции кои ја ценат нашата работа на културно поле, посебно за она што го работиме за македонската и мултикултурната заедница.

Макотрпно работиме за зачувување на македонскиот јазик и култура, иако живееме во Австралија но владата на Република Македонија, за жал, уништува сé што е македонско, јазикот, црквата, идентитетот, државноста. Владата на чело со премиерот Зоран Заев секојдневно тргува со соседите, под покровителство на ЕУ и ОН, со сé она што нé поврзува како нација. Многу е јасно дека Заев и нелегитимната влада имаат единствена цел да нé уништи како Македонци, следејќи ја албанската платформа и платформите на Бугарија и Грција. Неговите истапи немаат граници. Тој е крајно нестабилен, егоцентричен со психопатични тенденции.

Господине Иванов, националните интереси на Македонија треба да бидат надвор од доменот на политичките партии. Веруваме во Вас и како наш претседател мислиме дека крајно беше време да преземете нешто. Поголемиот број на Македонците живеат надвор од границите на Република Македонија. Сите бараме од нашата матична држава да бидеме заштитени како народ. Бараме да се прекинат сите разговори со соседите каде се тргува со нашиот јазик, име и идентитет. Се надеваме на Вас и целосно Ве поддржуваме во одлуките да им се стави крај на понижувањата.

Членовите на Австралиско -македонскиот театар од Сиднеј,

Душан Ристевски

Претседател

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


489

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza