reklama

reklama

reklama

ПРИЛЕП БЕЗ ВОДА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 293 пати.
Сабота, 11 Ноември 2017

По една деценија редовно водоснабдување

2 studencica

По една деценија редовно водоснабдување, Прилеп деновиве повторно се соочува со недостиг од вода за пиење. Најизразена е состојбата со недостаток во населбата Тризла, Под кули, Тапани. ЈП Водовод и канализација прави мали редукции. Се намалува притисокот на водата во  населбата Рид, за да добие Тризла. Дарежливоста на Студенчица е 510 литри вода во секунда, од кои за Прилеп доаѓаат околу 80 литри. Дваесетина бунари со над 100 литри во секунда го спасуваат градот од жед. Проблемот е особено изразен во викендите, кога има помал доток на вода а потребите на граѓаните се поголеми. Ревидирање на распределбата на вода во системот Студенчица е единственото ургентно решение за подобро водоснабдување.

Предизборното ветување дадено во кампања дека ќе го реши водоснабдувањето, градоначалникот Илија Јованоски го натера да појди во ЈП Студенчица во Кичево.

- Издашноста на изворот е само 510 литри вода, што е најмала од постоењето на системот. Вложувам и ќе вложам максимални напори во иднина, заедно со ЈКП Водовод и канализација, овие критични моменти да се надминат, домаќинствата да не останат без неопходните количества вода за пиење во своите домови. Во рамките на можностите, сепак да се обезбедат оптимални услови за подобрување на водоснабдувањето. Има можност протокот за Прилеп да се зголеми за одреден процент. Се надевам дека во иднина, овој проблем ќе се реши и во Прилеп ќе доаѓаат барем 120 литри вода во секунда - вели градоначалникот Јованоски.

Прилеп добива околу 80 литри вода во секунда. Со количествата што се обезбедуваат од бунарите, вкупно на располагање на домаќинствата се околу 240 литри вода во секунда.

- За викенд кога потрошувачката е поголема, стигнуваат само 30 до 40 литри вода од Студенчица. Од наши извори имаме околу 150 литри. Ја подготвуваме препумпната станица за висока зона да се активира. Но, ова решение е за ублажување на ситуацијата, а не за целосно нормализирање на состојбата. Во моментов се активни околу 20 бунари - вели Сашо Николоски, директор на  ЈКП Водовод и Канализација.

Според Николоски, согласно договорот, направен пред повеќе години, 150 литри од „Студенчица" треба да одат за ТЕЦ „Осломеј". Среќа е што термоелектраната не е ставена во погон во оваа водена криза. Според водостопанската согласност 30 отсто од количествата на Студенчица треба да добива Прилеп. Засега тие договорени количества не стигнуваат во градот. Распределба не треба да остане само на хартија, туку и технички да се спроведе, затоа што Прилеп е последна станица на регионалниот водовод и треба да се надмине овој хендикеп.

Не е исклучена можноста да се вовадат и редукции на вода.

- Граѓаните да внимаваат со потрошувачката, а домаќинствата во критично високите делови да имаат акумулирано вода - објаснува Николоски.

Според него, нема проблем со квалитетот на водата за пиење.

НАСКОРО НОВА ЦЕНА НА ВОДАТА

Цената на водата ја одредува Регулаторната комисија.

- Комисијата одредува опсег од минимална до максимална цена на водата, а градскиот совет одлучува за висината. Инаку, со почетокот на 2018 година почнува фактурирање на цената на водата според новиот закон, според цена од Регулаторна комисија - вели Николоски.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
476

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza