reklama

reklama

reklama

ТРГНА СМЕНАТА НА ДИРЕКТОРИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 438 пати.
Сабота, 11 Ноември 2017

Нови в.д. менаџери во 4 училишта

Нови в.д. директори имаат колективите на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ и на три ОУ „Блаже Конески“, „Рампо Левката“ и „Кирил и Методиј“ од селото Канатларци. Градоначалникот Илија Јованоски за в.д. директор на гимназијата го именува Димче Настоски, кој го замени Кире Николоски, кој пак поднесе лична оставка уште на 18 октомри. ОУ "Рампо Левката" ќе го води в.д. директорот Благица Каракашоска, на местото на Катерина Чавлеска Трпкоска, која поднесе оставка. Нов в.д. директор на ОУ "Блаже Конески" е Весна Мојсоска, која ја замени Марија Дулевска. Во ОУ "Кирил и Методиј" во Канатларци, в.д. директор е именуван Бајрам Јусуфоски наместо Влатко Кузманоски на кого мандатот му заврши на 2 ноември. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

489

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza