reklama

reklama

reklama

Нашите основци прв “штимунг” PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 338 пати.
ПЕТКА
Петок, 27 Април 2012

Нашите основци прв “штимунг”


ОУ “Гоце Делчев” петтипат ги отвори широко вратите за децата од Прилеп, Кривогаштани, Македонски Брод и Долнени, учесници на хорско - оркестарските смотри.  Друга опција нема и не давам да има, бидејќи имаме одлична соработка со организаторот од Скопје и на взаемно задоволство го прославивме овај мал, но значаен јубилеј - вели Трајче Каралиоски, директорот на ОУ “Гоце Делчев”. Покрај основни, учествувале и средни училишта, а првите места завршиле за хорот од ОУ “Гоце Делчев”, под диригентство на Љупче Мирчески, за мандолинскиот оркестар од ОУ “Блаже Конески”, со наставничката Марија Неделкоска и мешаниот оркестар воден од Ѕвонко Мирчески од ОУ “Кочо Рацин”. Учествувале 11 хорови и осум оркестри, меѓу кои бил и хорот на музичкото училиште, претставен ревијално, со професорката Леонарда Богданоска - Гиноска. Публиката уживала на одлично “наштиманите”, гласни жици, а постарите наставници се потсетиле на младоста. Наградените ги очекува потврда на државниот натпревар во Скопје.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

484

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza