reklama

reklama

reklama

НАЈ ПЕТКА - zenitpetka@gmail.com PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 398 пати.
ПЕТКА
Петок, 27 Април 2012

НАЈ  ПЕТКА - Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Драги наши зенитпетковци! Разбудете се! Изборот за нај ученик, нај одделение, нај наставник и се разбира нај училиште за учебната 20011/12 година е во полн ек. Серверот на е-поштата распукува од пораки од една ученичка, а се приближува и вториот натпреварувач... Ќе биде ,,густо,,. Работава ни е “проверена” па засега најголем интерес прикажаа ,,гоцеделчевци,, и ,,блажеконевци,,. Другите училишта тешко се будат од ,,зимскиот сон,,, а часовникот отчукува, деновите проаѓаат... Засучете ги ракавите и да се фатите за работа: номинирајте ги вашите нај, а потоа поддржете ги преку вашите електронски гласови на нашата адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или на фејсбук страната на zenitpetka

Се разбира, кого ќе номинирате и како ќе се изборите вашето училиште годинава да го понесе епитетот “нај” зависи само од вас , но бидете фер и обидете се најдобриот ученик од вашето училиште да биде токму онај кој е добар и вреден ученик, умее да почитува и да другарува, има големо срце и широка насмевка...

Вашиот нај наставник нека биде оној кој умее да ве научи, да ве сака, да ве слуша и секојпат помага токму кога ви треба. Најдоброто одделение нека биде одделението кое е пример за другарство, соработка и покажани резултати.

Од секое училиште ќе биде избран најученик и најнаставник, додека најодделение и најучилиште ќе биде прогласено едно, она кое најповеќе ќе биде подржано по електронска пошта.

Номинирањето ќе трае до 15-ти мај, а вашите гласови за нај ќе можете да ги испраќате до крајот на претпоследниот петок во мај, за да можеме на крајот од мај да го завршиме нашиот избор на НАЈ ПЕТКА .

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

484

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza