reklama

reklama

reklama

Економско буди еко свест во Бугарија PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 243 пати.
ПЕТКА
Петок, 27 Април 2012

Економско буди еко свест во Бугарија

Помина дводневното Образовно рандеву во Струмица, каде нашите “економисти се тркаа” во јавно говорење, маркетинг план, најдобро изработен постер, најдобра реклама, филм, фотографија и веб страница. Нашите освоиле две први награди, за најдобар штанд и филм, и две трети награди за најдобра драмска изведба и интервју. Учествувале сите средни стручни училишта од Македонија. Тимот веднаш ги спакувал торбите за Бугарија, за Сандански да ги одмери силите во знаења за областа заштита на животната средина со бугарските, словачките и полските колеги.

Ученичките Марија Нешкоска и Јулијана Видеска презентирале проект од областа на екологијата на темата на натпреварот “Земјата која нé храни” меѓу дваесеттина средни училишта од Бугарија, Македонија, Полска и Словачка. Тимовите презентирале проекти со користење на две паралелни дисциплини, а тоа било употребата на мултимедијалните алатки за презентирање на еколошки теми. Нашите девојчиња и менторот Мимоза Мијоска добиле специјална награда за учество, не само од жири комисијата, туку се закитиле со посебно признание од националниот тренинг центар Адам Смит колеџ за менаџмент од Софија.

Денот на одржувањето се погодил со Денот на планетата Земја, 22 Април.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

484

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza