reklama

reklama

reklama

Вардар пречка до финале PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 290 пати.
СПОРТ
Недела, 29 Април 2012

Ракомет

Вардар пречка до финале

Според ждрепката во Купот, Жито Прилеп во полуфиналето за ривал го има Вардар. Незгоден тим, кој изваде неочекувани 37-37 минатото првенствено коло. Сепак, чудата ретко се случуваат, а доколку екипата на Методија Петлески заигра посигурно, патот до финалето е извесен. Вториот полуфинален меч е Металург - Гевгелија. Дуелите се на 11 и 12 мај во Скопје. Во првенството, по поразот од Металург (28-40) и ремито со Вардар (37-37), Жито Прилеп гневот го исфрли кон Куманово. Победата е сигурна и висока со 20-35. Најефикасна е црногорската репрезентативка Биљана Павичевиќ со 11 гола. Викендов е гостување кај Гевгелија. Тежок меч и важен. Треба да се добие за после сите мисли да се свртат кон 4. коло, кога е пресудната пресметка за 2. место кај Вардар. На табелата води Металург, а рамо до рамо се Жито Прилеп и Вардар.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

484

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza