reklama

reklama

reklama

Калдрма и неон PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 282 пати.
ОКО
Недела, 29 Април 2012

Калдрма и неон

Многу дуќани од старата чаршија се урнати во налетот на урбанизацијата на централното градско јадро. Чаршијата не била распространета само на денешниот простор. Занаетчиски дуќани имало и на денешниот плочник, и на дел од Булеварот, и на местото од зградата на поранешната градска кафеана, во паркот спроти НАМА, и зад урнатиот хотел Јадран. Чаршијата била поширока и исткаена со разно-разни занаетчии. Со уредувањето на центарот, десетици плитарени дуќани со кепенци паднаа и исчезнаа вечно во пепелта на историјата со линиите на урбанистите. Калдрмата ја заменија “рамни” гранитни коцки. Место прашливи сокачиња се раширија улици. Дел од тротоарите се послаа со неправилни големи мермерни плочки. Понекаде улиците се асфалтираа, а дуќанџиите плачеа и тагуваа заради уривањето на занаетчиското катче. Чаршијата денес блешти во неон и алуминиум низ модните трендови во бутиците за облека, обувки,,,

Не се знае каде бил дуќанот на Гога Самарџиоски од сликава. Се знае дека бил спроти берберот Петре Гегоски. Сликата ќе предизвика солзи кај потомците, зашто ќе се потсетат на претците. Ќе “навлечи” и радост дека расте градот, се разубавува, дека идните генерации ќе имаат повеќе “шанси”. Фотографијата ќе врати спомени на младоста, а помладите ќе имаат можност да претпостават дека на местото на мермерните плочи крај фонтаната некогаш испотен ковач крај мевот ковал потковици, дека соседи му биле наланџијата, ортомџијата, налбатот, калајџијата, дека на местото на денешната пицерија, некогаш била акџилница...

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

484

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza