reklama

reklama

reklama

ПРИЛЕП СЕ САКА СО ДЕЛА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 206 пати.
ИЗБОРИ
Сабота, 16 Март 2013

Марјан Ристески ја образложи програмата на митингот на ВМРО - ДПМНЕ и коалицијата

ПРИЛЕП СЕ САКА СО ДЕЛА

   Економскиот развој и новите вработувања се главниот акцент во следните 4 години во работењето на градоначалникот Марјан Ристески кој по трет пат ја побара довербата од своите сограѓани на големиот митинг на плоштадот Методија Андонов - Ченто кој на 12 март го организираше ВМРО - ДПМНЕ и здружената коалиција. Според Ристески, новиот Генерален урбанистички план е од инвестиционен карактер и со него се предвидени нови индустриски зони, трговски центри, спортски центри, градинки, цркви, колективен станбен и индивидуален простор.

   - Со Владата ја започнавме изградбата на слободната економска зона Алинци. Започна градбата на инфраструктурата, а годинава ќе се стават темели на нови фабрики кои ќе овозможат нови работни места. За да обезбедиме влез на домашните и странските инвеститори ќе бидат изградени и зоните Прилеп 2 и Прилеп 3. Се продадоа сите 21 парцели од економската зона Прилеп 1, за нови 2500 вработувања. Ќе биде отворен новиот трговски центар Сити Центар Прилеп - нови 250 вработувања. Започнува градба на 78 социјални станови. Ќе се гради современ транспортен центар со хотел, автобуска, бензиска пумпа, реконструкција на железничка станица и 60 нови вработувања.

   Ристески потсети дека започнува да функционира јавниот градски превоз по барање на граѓаните. Во сабота пензионерите ќе имаат бесплатен превоз. Ќе се гради современ безистен со деловни простории, колективен станбен простор со трговско - деловни површини, современ луна парк, нови детски игралишта.

   - Со јавно - приватно партнерство ќе се гради фабрика за селекција на отпад и производство на електрична енергија и биогас од отпадот. Прилеп станува еколошки лидер во регионот. Прочистителната станица за отпадни води е проект вреден 26 милиони евра со 63 км канализациона мрежа. Проектот е финансиран од Владата и ЕУ. Лидери сме во користење на средства од европските фондови - рече Ристески.

   Според него, една година опозицијата лаже дека ќе го гасифицира Прилеп.

   -  Прилеп ќе се гасифицира само преку Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ со вклучување на Македонија на проектот ,,Јужен Поток,,. Само изградбата на националната гасоводна мрежа може да овозможи вистинска и квалитетна гасификација на Прилеп - рече Ристески. 

   Канализација ќе добијат жителите на поголемите населени места, ќе се доасфалтираат улиците, ќе се градат паркови, партерно ќе се уреди и покрие Дабничкиот канал. Ќе се продолжи со реконструкцијата на плоштадот, изградба на нов плоштад околу Градскиот саат, целосно допокривање на пазарот, изградба на модерни влезови во градот, која реализација е започната. Ќе се довршат монтажните училишта во селата Чепигово, Беровци, Галичани. Ќе се изгради ново училиште во населбата Сточен пазар, ќе продолжи градбата на 6 нови спортски сали во училиштата, тениски, фудбалски игралишта, вештачка карпа, скејт парк, модерен аква парк кој ќе биде приватна инвестиција во близина на Могилата. Планирано е осовременување на градскиот стадион "Гоце Делчев" по англиски терк за 15.000 гледачи, како јавно - приватно партнерство, за Прилеп повторно да биде најфудбалски град. Започната е изградбата на нова противпожарна станица.

   Ќе се развива културниот, манастирскиот, рекреативниот,  руралниот туризам и тн. Ќе се изгради повеќенаменски културен центар, етно музеј, кино, споменик на Крал Марко, музички парк. Ќе продолжи заштитата на богатото културно наследство. Ќе се обнови Трескавец. Веќе 8 години докажуваат прилепчани дека ценат само дела, идеи од граѓаните, преточени во дела, а презентирани во отчетот за сработеното испратен до секоја фамилија.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

АРХИВА

476

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza