PDF Печати Е-пошта

Избрани најуспешните бизниси лани

ТРИУМФ НА ОТПОРНИТЕ И ПЕРСПЕКТИВНИТЕ

ДОМИНАЦИЈА НА ДЕНИ КОМПАНИ, КУЛИ И ТЕРАКОТА. МИКРОСАМ, ЕУРОТЕРМ И РОЈТЕМ. ДИЗНИЛЕНД, ЗЕМЈОДЕЛЦИ И АЦЕТОНИ

Во организација на неделниот весник Зенит и Регионалната стопанска комора од Прилеп во ресторанот Сонце се избраа најдобрите бизнисмени за минатата година. Традиционалната манифестација се организира да го поттикне  претприемништвото, кое успева жилаво да опстојува во услови кога последиците од светската криза се рефлектираат и кај нас. На третиот Избор на бизнис на годината, што неделникот Зенит го спроведува со Регионалната стопанска комора, за 2011 година, во категоријата на големи компании наградите ги понесоа ДЕНИ КОМАПНИ, КУЛИ И ТЕРАКОТА. Овие претпријатија со над сто работници импонираа со успеси и одолевање на неповолните економски текови, забележувајќи раст на продукцијата. И не само тоа. Дури успеаја да инвестираат и затоа се искачија на тронот на најуспешните. Од средните фирми, за најуспешни за минатата година беа прогласени МИКРОСАМ, ЕУРОТЕРМ И РОЈТЕМ. Трите помали фирми се качија на пиедесталот на бизнимените, бидејќи лани покажаа исклучителна инвентивност во откривањето и анимирањето на нови пазари, трасирајќи пат, главно за извоз, но и привлекувајќи нови домашни муштерии, благодарение на квалитетот и примамливите цени на производите и услугите.

bwd  Страница 1/4  fwd

Со признанија се закитија и малите фирми - Слаткарницата ДИЗНИЛЕНД, ЗЕМЈОДЕЛЦИ И АЦЕТОНИ. Трите стопански субјекти стабилно чекорат со години по бурните води на бизнисот. Успеваат да напредуваат постепено, не влегувајќи во ризици и неизвесности. Наградите им ги врачи извршниот директор на Регионалната стопанска комора, Ристо Најдоски, а од името на Управниот одбор успехот им го честита Ирена Јакимоска. На манифестацијата неделникот Зенит го одбележа и четвртиот роденден.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 206

206

ЗЕНИТ 4 ГОДИНИ СО ВАС

Ја започнавме петката. Петта година, откако излегува Зенит. А ако петката е синоним на успех, тогаш сигурно неделниот весник може да се пофали со нагорна линија. Од 4 мај наваму во главата на весникот гордо е испишана петка. Зад себе има над 200-тини броеви и 4 годишно функционирање.

            И покрај сите турбуленции во бизнис климата, неделникот Зенит  го пронајде курсот на пазарно опстојување. Единствената формула за успех, сте Вие, почитувани читатели, затоа што во петочното четиво пронајдовте интересни информации, содржини, приказни. Излегувањето на Зенит се должи и на професионалната релација, со деловните партнери, градејќи мегдан за долгогодишна соработка.

            Уредувачкиот тим на Зенит, уверува дека ќе остане на принципите на новинарството за објективно и навремено информирање во иднина.

            Ви благодариме, пријатели на Зенит! 


Зенит на Facebook

lokalna.jpg

Присутни гости

Има 13 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

 

Во минатиот број одговорот беше АМАНЕТ. При електронскиот избор, најсреќен беше Владо Трајкоски, кој со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре. Продолжете да бидете добри енигматичари и сладете се со вкусен локум од Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп