reklama

reklama

reklama

МАРУЛ ВО „МАТИЧНИТЕ“ КНИГИ (6) PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 9 пати
Сабота, 24 Февруари 2018

Фељтон: Белешките на Томе Велјановски

nosija tome 5

-Со цел да ги заштити од заборавот, марулчанецот Томе Вељановски кој живее во Гетеборг, во Шведска пренесува податоци за венчавките, склучените бракови и карактеристични настани. Изнесените факти се според сеќавањата на Велјановски. Записите се оригинални, со правописни грешки и дијалект.

Број 5: Жени вдовици и девојки од Марул кои зеле домазети

11. Цветкоски Митрески Милан од с. Суводол домазет кај Новачевци во с. Марул. Истата трагедија се случи кај Новачевци како и кај Илијовци. Новачески Живко на 17 годишна возраст во 1947 г. го оженија за девојката Богоевска Неделкова Мара, 20 годишна од село Беровци. Најстарата сестра на Живко, Јаглика се сврши за Кочески Видан од с. Путурус. Живко го женат предвреме да има нејзин заменик, работник по нивјето во полето. Да не биди Јаглика прередена како постара, живковата свадба ја направија една недела по свадбата на Јаглика. Во неделата вечерта на свадбата од Живко подароците за јадење, вечера, беа ставени во фурната да се печат. Наминале недомаќини ја отвориле фурната и украле дел од подароците што се печле. Арамиите не се откријаа, ама остана кај народот како изговор за несреќа во животот за бракот на младоженците. Во 1948 г. невестата Мара Живкојца се породи со машко дете. Во куќата Новаческа се направи голема радост. Јован дедото, татко му на Живко, со ловечката пушка исфрли неколклу чифтиња. Најсреќен беше прадедото Димитрија кога разбра дека новороденчето од нунчевите Јовевци од Кадино Село го ставиле името на загинатиот син на Димитрија, Велјан. Загина при заземањето на прилепската касарна на 26.9.1944 г. Велјан служеше во Десеттата ударна бригада. Во месец септември 1950 г. Живко замина на отслужување на воениот рок во градот Ужице во Србија. Во февруари 1951 г. невестата Живкојца, Мара роди второ дете. Нунчевите му го дадоа името Пецо. Уште не стивната радоста за новороденчето, бебето Пеце, еден мартовски ден даде силен писок и лелекање во дворот кај Новачевци. 11 годишната Славка, сестра на Живко враќајќи се од училиште, кога го слушна писокот и лелекањето во нивниот двор, го исфрли торбето со книгите во реката кај кладенчето Јанкоско. Со пискот и лелеци си отиде дома. Трчаат сите маалски луѓе кај Новачески. Некој уште не појдени, наговараат дека е умрен стариот Димитрија. Бог да го прости, други одговараа. Се разбра не е умрен Димитрија, туку дошла депеша умрел Живко. Народот се здрви од веста. Татко му Јован ја зеде пушката ловечка да се убие. Димитрија, дедо му, отиде да се фрла во бунарот. Насобраните луѓе ја спречија намерата и беа будно пазени од одредени луѓе да не го сторат тоа. Наредниот ден кај Новачевци дојде  воен џип, шофер и двајца вооружени војници. Го донесоа ковчегот алуминиумски и внатре херметички затворено мртвото тело на Живко Новачески. Голема тага имаше за Живко. Уште поголема што алуминиумскиот ковчег не смее да се отвори. Еден мал престол за ковчегот со умрениот Живко дома. Ковчегот повторно се товари на џипот и го однесоа ковчегот со Живко на пеење. По таа церемонија го однесоа да се положи во ископаниот гроб. Сета работа на двата војници околу погребот беше да не дозволуваат да се отвори ковчегот. Присутните војници беа на погребот додека целосно не заврши погребот на Живко. После тоа заедно со шоферот и џипот си заминаа од каде што беа дојдени. Никаков рапорт не оставија или да кажат одошто умре Живко Новачески. После погребот, имаше коментари како умрел Живко. Некој велеа дека во коњушницата го удрил коњ в лице и го усмртил на место. Неговиот најближен војнички другар Јован Бозгески од с. Штавица тврдеше дека имале воено гаѓање со топовска муниција. Живко бил одреден да ги надгледува погодоците во метите. Бил засолнат во скривница во заштитен ров. Се одбило некое парче од испуканата граната и го погодила во главата и на место го усмртила. После погребот, дедо му Димитрија со алатките товарени на магарето качен од едната страна одеше по патчето бонечко кај редови камења во присојот под патчето му ја правеше гробната плоча на Живко. За шестте недели, гробот му го направија со крст на плочата на која пишува кога е роден и умрен, 9.3.1951 г. Титово Ужице.

Домашните на невестата Мара Живкојца и ветиле да не ја менува куќата, да седи заради децата. Кога ќе направи Живко година ќе и најдат човек за домаќин во куќата. Штотуку наближи времето Живко да наполни година од умирачката, се разболи дедо му Димитрија и почина на 14.2.1952 г. Продолжи несреќата со човечки жртви кај Новачевци. Несреќата за Димитрија не чекаше до годината. Есента 1952 г. ја свршија и со свадба ја омажија сестрата на Живко, Павлинка за Видан Толепашоски во с. Добрушево. Во почетокот на март 1953 г. се слушна дека Димитриовци зеле домазет од с. Суводол. Бил од Митревци. Се викал Милан. Не донесол негово потомство. При венчавката на Мара,Живкојца сега Миланица, голем девер му беше Милан Василоски - Борачот. Милан најде две деца, три природија и сите деца ги сакаше подеднакво. Од очувот Јован доби право на целокупниот имот. Милан почина во 1984 г. на 60-годишна возраст. Сите пет деца ги удоми. Многу кажуваше за НОБ во Македонија. Бил учесник во борбата со балистите. Во 2011 г. почина Мара Миланица. Го отворија гробот на Живко. По нејзина желба, сакала да биде погребана кај него. Еден дел од черепот на главата недостасувал. Се потврди тврдењето на Јован Бозгески дека Живко загинал од парче граната, а не од коњски удар како што се зборуваше меѓу народот.

Продолжува

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


489

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza