PDF Печати Е-пошта

НАЈДОБАР МУЗЕЈ ВО 2011 ГОДИНА

Наградата е доделена за археолошката поставка и за реконструкцијата и реставрацијата на музејот 11 Октомври

Признание и за кустосот Александар Цветкоски

Заводот и Музеј Прилеп се закити со  наградата Музеј на годината за 2011 година, што за 18 мај - денот на музеите, традиционално ја доделува Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеите. Престижното признание се додели заради остварувањето на значајни проекти, вредни за македонското културно и историско наследство. Наградата отиде во прилепскиот Музеј, бидејќи ја отвори археолошката поставка со вредни артефакти, ископани на бројните локалитети и за реконструкцијата на Музејот 11 Октомври - рече Захаринка Алексоска - Бачева.

Гордана Данилоска - Спироска, директор на Музејот, вели дека наградата е поттик за поголем ангажман за заштита и истражување на културното наследство. Продолжуваме со несмалено темпо во заштитата на вредното наследство - потенцира таа. Награда доби и етнологот Александар Цветкоски, кој е прогласен за најдобар музејски работник за 2011 година. Признанието кај Цветкоски е упатено заради неговиот придонес во изработката на  вредниот каталог на македонски и англиски јазик за поставката на предмети за уживање за тутун од музејот за тутун.

Нов лик за куќата на Бектешовци

“Ќе се реконструира куќата на Бектешовци, градена во 1923 година, со прецизно дефинирана естетика, изградена во духот на граѓанската архитектура, со нагласена раскошност на формите”. Ова го најавија од Музејот, информирајќи дека за скоро време ќе почне реставрацијата на фасадата, балконите, скалите, прозорците и оградата, за што ќе се инвестираат околу три милиони денари.

- Сакаме да ја доловиме автентичноста на куќата, која е една од 16-те,  за кои претстои заштита и обнова- вели Данилоска - Спироска.

И објектот на Катастарот, заштитен со закон ќе добие нов лик.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

СЛИКИ ОД ГОРДАНА ТАЛЕВСКА

            Дваесетина слики од уметницата Гордана Талевска се изложени во ЦК “Марко Цепенков”. Дипломираниот сликар од Благоевград, Бугарија, првпат се претставува во Прилеп.

            Имала самостојни изложби во родната Битола, Кавадарци и во Неготино. Била дел од групни изложби. Учествувала на колонии низ Македонија и Бугарија. Работела на конзервацијата и реставрацијата на  Јени џамијата во Битола и на локалитетот Хераклеја... 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Во ЦК “Марко Цепенков”

ФОТОГРАФИИ - “МОЌТА НА БОИТЕ”

“Моќта на боите” е тематската изложба на 19 фотографии на автори, кои го изнесуваат својот критички став кон националниот симбол на Германија. Креациите изложени во салонот на ЦК “Марко Цепенков” се рефлекс на боите на германскиот национален симбол.

- “Моќта на боите - црно-црвено-златно” е извонреден пример за тоа како човек може уметнички - креативно и имагинарно, критички да се однесува со еден национален симбол - вели Гудрун Штајнакер, амбасадор на СР Германија во Македонија.

Изложбата досега е претставена во Шангај, Пекинг, Техеран, Џакарта, Скопје, Атина, Берлин...

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

АТАНАСОСКИ ВО ЛОНДОН

Со автентично дело “инсталација во бела боја од памук и лискун”,  скулпторот Атанас Атанасоски се претстави на изложбата “ Made in Macedonia ” во Лондон, што беше дел од манифестацијата “Денови на македонската култура”. Атанасоски се чувствува почестен што негово дело го виделе љубителите на уметноста од британската престолнина. Се радува што го претставил специфичниот уметнички израз, базиран на традицијата. Елиза Шулеска, директорка на Музејот за современа ликовна уметност, потенцира дека авторите биле избрани затоа што преку нивното творештво се допирале корените, религијата, традицијата со сенс за автентична ликовна елаборација.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 206

206

ЗЕНИТ 4 ГОДИНИ СО ВАС

Ја започнавме петката. Петта година, откако излегува Зенит. А ако петката е синоним на успех, тогаш сигурно неделниот весник може да се пофали со нагорна линија. Од 4 мај наваму во главата на весникот гордо е испишана петка. Зад себе има над 200-тини броеви и 4 годишно функционирање.

            И покрај сите турбуленции во бизнис климата, неделникот Зенит  го пронајде курсот на пазарно опстојување. Единствената формула за успех, сте Вие, почитувани читатели, затоа што во петочното четиво пронајдовте интересни информации, содржини, приказни. Излегувањето на Зенит се должи и на професионалната релација, со деловните партнери, градејќи мегдан за долгогодишна соработка.

            Уредувачкиот тим на Зенит, уверува дека ќе остане на принципите на новинарството за објективно и навремено информирање во иднина.

            Ви благодариме, пријатели на Зенит! 


Зенит на Facebook

SONCE_GA.jpg

Присутни гости

Има 13 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

 

Во минатиот број одговорот беше АМАНЕТ. При електронскиот избор, најсреќен беше Владо Трајкоски, кој со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре. Продолжете да бидете добри енигматичари и сладете се со вкусен локум од Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп