reklama

reklama

reklama

МАРЈАН СТОЈАНОСКИ ПРЕД КИЧЕВЧАНИ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 72 пати.
Недела, 31 Декември 2017

4 Marjan Stojanoski

Нашиот уметник Марјан Стојаноски се претстави пред кичевчани со тематската изложба „Феникс“. На увид се 10 негови дела - скулптури во метал и во дрво со современ пристап од годинешната креативна продукција.

- Скулптурите ги изработив во една од најтешките техники со материјал - метал. Сакав да ги пренесам најдлабоко скриените чувства и духовност. Го пренесувам раѓањето, сплотувањето, издигнувањето - вели скулпторот.            Во уметничките дела на Стојаноски, вели  Елизабета Дерменкоска Цефи, историчар на уметност, се препознава стилска генеза, несвесниот афинитет кон исконската желба, крајот да претставува нов почеток, патот да биде круг, бесконечен...

- Стојаноски на мајсторски начин и со занаетчиска вештина ја обезбедува вербата во потребна доза, ја ваја, следејќи ја линијата на делото до завршната, конечна форма, оставајќи сама да ја определи обоеноста и светлоста за да поприродно ја препознаеме и прифатиме реалноста... Да ја следиме линијата на животот, да се поврземе, да пркосиме, да победиме, да ги раскинеме прангите на предрасудите, да се родиме и одново ако е потребно како нескршливи победници над темнината. Ова се само дел од пораките носени во скулптурите, кои, наспроти статичноста, се темпераментни и живи - потенцира таа.

Марјан Стојаноски е уметник, заговорник со намера, вредноста и содржината на уметничките скулптури да ги изработи во привлечни и интересни, со активна мисла и чувство, да дејствува и да ја овозможи комуникацијата меѓу делото "скулптурата" и човекот...

Тој е  дипломец на ФЛУ во Скопје. Член е на  ДЛУМ, а во два наврати беше претседател на ДЛУП. Во 2015 година, ја добива наградата за скулптура "Јордан Грабул" на ДЛУП. Приредил повеќе самостојни и бил дел од групни изложби.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

484

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza