reklama

reklama

reklama

УРНАТИ ОГРАДИ И СТАМЕН БАЈРАК PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 249 пати.
Недела, 10 Декември 2017

417662-vo-novaci-se-razvea-drzhavnoto-zname-na-30-metarski-jarbol

Локалните власти брзо реагираа на спуштеното знаме на јарболот во центарот на градот. Неколку дена по реакциите веднаш го заменија со ново. Симболот на државноста пак се развиори на декемврскиот ветер.  Веќе не е на половина копје да прави забуна и да отвора прашања дека градот некого жали.

Но, ако знамето брзо се крена, уште им демнат со ризик навалените огради на минувачите и возачите на автомобили на мостовите на улиците "Александар Македонски" и "Трајко Николоски". Никој  не мрднал со прстот да ги исправи и да ги стави во функција по неколкумесечните оштетувања од сообраќајни незгоди. Дали се чека уште некоја несреќа со трагични последици за некој да ја заврши работата за која е платен со наши пари. Уште  трае еуфоријата од изборите, а се очекува да се засучат ракавите. Грижата за безбедноста на граѓаните е примарна обврска на локалната самоуправа и во секторот на сообраќајот.

most

most1

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

484

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza