reklama

reklama

reklama

СПОМЕНИТЕ НА ЕДНА СЛИКА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 208 пати.
Недела, 31 Декември 2017

7 kade i da zavrstis bez saat ne go biva gradot

Велат, некогаш Стара чаршија била рамна со венециската по „убајна“ и по број на занаети. Една слика 1000 зборови! Истопорени дуќани на разни занаети и еснафи. Врвулица луѓе кои чекорат по "градската" калдрма сред центар. Кој ита да купи волница, баба да сплете фермеле или калчуни, кој да купи бардиња. Кој пак, ене го, кај Марулецот да купи жилени ластици и стрела. Кој да се заблажи со слатко-благо од слаткарницата до некогашен хотел Јадран, па таму да наврати на по некое чоканче ракија во бифето. Или да прошета околу триаголното паркче накитено со трендафили, или да потседне на клупите, душа да "собери", збор-два да "скрши".

И од било која страна да го сликате Прилеп, градскиот часовник е неизбежен. Отсекогаш гордо сведочел за маките и радостите и секогаш "се виорел" до небото.  

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

484

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza