reklama

reklama

reklama

ВО СЕЛОТО НА БАЈКИТЕ PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 35 пати
Сабота, 24 Февруари 2018

slovacka

Наставничките Каролина Јовеска и Јулијана Талеска беа дел од победничкиот тим кој доби студиско патување во Словачка. Тие, заедно со уште десетина наставници и голем број ученици го освоија првото место на меѓународниот проект „Ноќ со Андерсен". Во групата на наградени наставници, покрај од Прилеп, учествуваа и наставници од Неготино, Велес, Скопје и Охрид, како и од Србија. Минаа три незаборавни денови во Банска Бистрица. Селото на бајките „Хабакуки" обвиено во снег, ја претставувало грижата на Словаците за фолклорот, за бајките кои се пренесувале од генерација на генерација. Во секоја куќичка, на лето, се изведуваат најразлични работилници, поврзани со приказните: куклени претстави, читања, драматизации… Во Братислава го посетиле споменикот на Андерсен. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
УСПЕХ ВО БЕЛГРАД PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 12 пати
Сабота, 24 Февруари 2018

ОМУ „Ордан Михајлоски - Оцка

Muzicko

Младиот пијанист Филип Ѓорѓиоски од класата на проф. Денис Најдоски ја освои втората награда на меѓународниот натпревар за млади пијанисти „Даворин Јенко“ во Белград. Музичкото училиште „Ордан Михајлоски - Оцка“ се гордее со постигнатиот успех. Честитки победниците добија и на Фб страницата. Престојот во Белград е искористен и за прошетка. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
ПОЕЗИЈА ВО ЧАША PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 19 пати
Сабота, 24 Февруари 2018

СОУ Гимназија „Мирче Ацев“

Poezija vo casa - nezaboraven   nastan

Поетско музичкиот настан насловен „Поезија во чаша“ кој традиционално го одржуваат гимназијалците по повод 14 февруари, и годинава изобилуваше со емоции, убава музика и насмевки на присутните. Беше поразличен од сите други настани затоа што најголемиот дел од прикажаното, почнувајќи од постерот, рецитацијата и поезијата беа лични дела на учениците од СОУ Гимназија "Мирче Ацев". За постерот се погрижи Марија Ристеска I-4. Солисти на вечерта беа Ивона Нанческа, Антонио Николоски, Ангела Зероска, Теодора Димеска, Стефан Ангелески, Натали Китаноска и Бистра Петреска. Музичко-техничкиот дел го реализира Гоце Илиески и Стефан Костоски. Рецитатори беа Александра Илиеска, Стефанија Стефаноска, Теодора Димеска, Афродита Петкоска, Марија  Дисоска, Симона Паскоска, Исидора Стеваноска, Сана Котеска, Евгениј Темелкоски, Даниела Димитриоска, Тереза Пипиџаноска и Александар Петрески. Поезијата и прозата беа дело на гимназијалците: Елена Ристеска, Симона Паскоска, Афродита Петкоска, Исидора Стеваноска, Даниела Димитриоска, Тереза Пипиџаноска и Теодора Бошкоска. Кординатори беа професорите Мартин Наумоски и Наталија Гарбеска. Настанот, кој беше ноќ која не се заборава и создаде многу спомени,  беше поддржан од директорот Димче Настоски. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


489

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza