reklama

reklama

reklama

ПРВО ИСКУСТВО ВО ТРОГЕН PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 136 пати.
Недела, 31 Декември 2017

СОУ Гимназија „Мирче Ацев

4 Gimnazija Trogen

Првпат учениците од гиминазијата „Мирче Ацев“ беа вклучени во проектот за размена на искуства во Детското село Песталоци во Троген - Швајцарија. Учениците Јована Белушаноска, Дино Релушкоски, Стефан Алексоски, Емил Стојаноски, Веселина Шојлеска, Веселинка Илиовска, Гордана Иваноска и Ангела Милошеска придружувани од супервизорот Кети Ефремоска, присуствуваа на размената која е дел од проектот "Имплементација на Конвенцијата на правата на детето во Македонија" под покровителство и поддршка на Коалиција на младински организации СЕГА. Гимназијата го спроведува и моделот Дете - правобранител од 2016 година. Прилепската група имаше партнерски училишта од Гостивар и Охрид, како и група ученици и супервизори од Белорусија.

- Учениците посетуваа настава на различни теми во склоп на Конвенцијата на правата на децата, како идентитет, антидискриминација, интеркултурна комуникација. Имаа и активности во куќата околу храната и одржување на хигиената. Слободното време за забава и рекреација во вечерните часови го пополнуваа во младинскиот клуб, во спортската сала и во собите за рекреација. За викендите имаа екскурзии низ градови и места во Швајцарија, како: Цирих, Луцерн, Сент Гален, „Технорама" - музеј на природните науки, водопадите на Рајна и планината Сантис на Алпите - објаснува професорката Кети Ефремоска.

Учениците од двете партнер држави ги претставија своите училишта и земји со традиционална храна, видеа, презентации за градовите и училиштата, фолклорни настапи и музички изведби.

Во чест на Мирче Ацев

Традиционално учениците и професорите ги почнаа активностите со кои му оддаваат почит на патронот Мирче Ацев, чие револуционерно име го носи Гимназија, а чиј живот згаснал во 1943 година. Одбележувањето на патрониот празник почна со прекрасната поетска вечер, со ликовна изложба и спортски натпревари. На 4 јануари ќе положат свежо цвеќе на Могилата на непобедените, пред бистите на херојот во Паркот на револуцијата и во училишниот двор. Вечерта во театарот ќе се одржи свечена академија на која учениците ќе презентираат пригодна програма. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

484

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza