PDF Печати Е-пошта

МАЈСКИ ПАРИ ЗА ТУТУНАРИТЕ НА СТРУМИЦА ТАБАК

Околу 550 тутунари од прилепско - долненскиот регион ги добиваат парите од Струмица Табак за предадениот тутун од ланската берба.  Откупната компанија со задоцнување продолжи со исплатата на заостанатите пари за предадениот род. На тутунарите им се исплаќаат 3, 8 милиони и евра за околу 1 200 тони откупен тутун. Со тоа кооперантите на Струмица Табак кои тутунот го предале на крајот од јануари и февруари и март годинава, во целост ќе ги добијат парите. Државниот инспекторат и изрече забрана за откуп на Струмица Табак, поради неколку месечното доцнење. Фирмата сепак обезбеди средства за подмирување на обврските до крајниот рок - 18 мај. Се смирија духовите на тутунарите, кои, заедно со кооперантите на останатите откупни фирми, ја чекаат државата да им се оддолжи со субвенција од по 60 денари за килограм предаден тутун. Тутунарите во прилепско лани предадоа околу 13 илјади тони тутун, што значи се очекува во прилепско да “влезат” уште околу 13 милиони евра.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

Од 26 мај до 3 јуни

НА ГОСТИ 120 ДЕЛАГАТИ ОД КАРНЕВАЛСКИТЕ ГРАДОВИ

            Прилеп од 26 мај до 3-ти јуни ќе биде домаќин на повеќе од  120 делегати од  Малта, Холандија, Италија, Португалија, Белгија, Америка, Хрватска, Русија, Франција, Словенија, Колумбија, Луксембург, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора и други земји членки на ФЕЦЦ, кои ќе учествуваат на 32-та Конвенција на европските карневалски градови. Тоа ќе значи афирмација на градот како културен туристички центар и претставување на богатото културно наследство и убавините.

            - Посетата на делегатите на ФЕЦЦ е отворање на туристичката врата на Македонија кон сите држави, учеснички на оваа Конвенција. Предвидени се посети на културни знаменитости, манастири, музејот на Тоше Проески, Галеријата на икони, Музејот на тутун, прилепската чаршија, Хераклеја, Стоби, новиот Музеј на македонската борба во Скопје, Старата скопска чаршија и уште многу други значајни места. Организаторот ќе ги прошета гостите до Свети Наум, Музејот на вода и црквата Света Софија во Охрид. Делегатите ќе вкусат специјалитети од различните предели. На Конвенција на ФЕЦЦ, ќе се одржи и изборно Собрание, на кое се очекува да му се изгласа повторна доверба на досегашниот претседател Хенри Ван Дер Крон или пак ќе се избере нов претседател на Федерацијата - објаснува Снежана Ристеска, советник за култура во ЛС. Инаку, нашиот град со гордост го носи епитетот дека е град на културата, кој негува и алтернативен, фестивалски и еко туризам.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

ПРИЛЕП СЕГА


Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

МУНАСИП ЗА ПОВОЗРАСНИТЕ ШТИТЕНИЦИ

На десетгодишнината на Дневниот центар за деца со посебни потреби Ѕуница се актуелизираат алтернативните решанија за згрижување на децата со нивното нараснување над максималната старосна граница од 26 години на неколку од штитениците. Персоналот на центарот очекува разбирање од надлежните за формираме посебна група во која би се водело грижа за постарите штитеници.

            Директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Снежана Јованоска вели дека два-тројца штитеници оваа или наредната година треба да го напуштат Дневниот центар, бидејќи ја минуваат границата од 26 годишна возраст.

            - Известени се локалната самоуправа и Министерството за труд и социјална политика. Во заедничкиот простор се надеваме дека ќе изнајдеме начин да не се остават на цедило и постарите штитеници - вели Снежана Јованоска.

            Во Дневниот центар се згрижени над 35 деца, а под постојан надзор сега се 22 деца. Капацитетот за сместување и работа е за 25 деца, иако постои интерес и има потреба за поголем опфат на деца. Со штитениците работат двајца социјални работници, дефектолог, педагог и две медицински сестри.

            Во згрижувачките семејства има 60-тина деца главно со пречки во развојот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

ЌЕ СЕ ШПАЦИРА И КАЈ БОЧВАРИТЕ

            Механизација, песок, плочки и незаменливата човечка рака е секојдневна глетка кај сокачето познато како ,,кај Бочварите,,. Од уличе кое со прескакулица требаше да се помине пешки за да не се зацапа во некој вир и заради дупките во асфалтот што изнудуваа пцости на возачите, а се “смрт” и за амортизерите, кај да е, ќе се стори една модерно дотерана улица. Се тура песок, се настегува со валјак, а работниците, една по една, ги редат плочките, небаре мозаик, за да се вклопи во изгледот на остатокот на чаршијата. Се внимава и на канализацијата, па се копаат одводни канали. Улицата кај Бочварите ќе се дотера “од корен” и ќе биде задоволство за пешаците кои ќе “шпацираат” по неа.   

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 
PDF Печати Е-пошта

ЈАПОНЦИ САКААТ ДА СЕ СЛАДАТ СО МАРИОВСКИ МЕД

Јапонска делегација од фирмата Ѕаmаdа Бee Фаrm покажала интерес за увоз на мариовски мед, оти дознале дека е еколошки најздрав без никави примеси. По еднодневната посета на Прилеп и средбата со градоначалникот Марјан Ристески, Јапонците биле воодушевени и од другите видови пелагониски мед. Затоа ќе ги испитуваат можностите за организирање на откупни пунктови за мед, за пласман на Далечниот исток, ако македонските производители можат да одговорат со стандарден квалитет и со огромни количества.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 


НАСЛОВНА БРОЈ 206

206

ЗЕНИТ 4 ГОДИНИ СО ВАС

Ја започнавме петката. Петта година, откако излегува Зенит. А ако петката е синоним на успех, тогаш сигурно неделниот весник може да се пофали со нагорна линија. Од 4 мај наваму во главата на весникот гордо е испишана петка. Зад себе има над 200-тини броеви и 4 годишно функционирање.

            И покрај сите турбуленции во бизнис климата, неделникот Зенит  го пронајде курсот на пазарно опстојување. Единствената формула за успех, сте Вие, почитувани читатели, затоа што во петочното четиво пронајдовте интересни информации, содржини, приказни. Излегувањето на Зенит се должи и на професионалната релација, со деловните партнери, градејќи мегдан за долгогодишна соработка.

            Уредувачкиот тим на Зенит, уверува дека ќе остане на принципите на новинарството за објективно и навремено информирање во иднина.

            Ви благодариме, пријатели на Зенит! 


Зенит на Facebook

EKONOIMSKI.jpg

Присутни гости

Има 11 гости 

ЗЕНИТ НАГРАДУВА

 

Во минатиот број одговорот беше АМАНЕТ. При електронскиот избор, најсреќен беше Владо Трајкоски, кој со одговор преку СМС - порака, доби три килограми од три видови локум од фирмата Каре. Продолжете да бидете добри енигматичари и сладете се со вкусен локум од Каре.

ХОРОСКОП


Временска Прогноза - Прилеп