reklama

reklama

reklama

БЕС НАД ЗЕЛЕНИЛОТО PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 58 пати.
Недела, 24 Септември 2017

4 Cudo od nekolutura

Непромислени граѓани со карактер на вандали го уништија новоизградениот парк во населбата Рид. Актот на насилство на зелените површини и украсите на градот е за секоја осуда, затоа што насекаде низ светот граѓаните помагаат во одржување на парковите и катчињата за деца и за релаксација на сите генерации. Нашиот сограѓанин со отсуство на смисла за естетика се изживувал со автомобил низ свежо посадената трева и оставал "потписи" во паркот со тркалата на својот автомобил. Додека комуналните служби се мачат да уредат и одржат што повеќе паркови во настојувањата за урбанизација на градот, непромислените атаци на хортикултурата ги оддаваат приземните страсти на дел од сограѓаните. Тоа не само што предизвикува осуда туку и вџашеност и вчудоневиденост кај жителите од населбата дека некои нивни соседи имаат толку ниско ниво на домашна култура и воспитување.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

472

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza