reklama

reklama

reklama

ПОДЕМ НА ИНТЕРНЕТ ПРОДАЖБАТА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 525 пати.
Сабота, 10 Февруари 2018

Роденден на on line продавницата  Somnia shop

27503808 337031930132362 1305259141314810250 o

Компанијата Комфи Ангел одбележа една година од функционирањето на on line продавницата Somnia Shop. На првиот роденден се потврди дека идејата на вработените била полн погодок.

Според косопственикот и првиот менаџер, Ирена Јакимоска, интернет продажбата функционира одлично, поради ентузијазмот, волјата и љубовта  на вработените.

- Производот на Комфи Ангел, кој што се карактеризира со соодветен квалитет, стана достапен за сите граѓани на Македонија. Сакавме да биде скоро во секој дом. Едновремено, сакавме да бидеме меѓу првите, што ќе потврдиме и докажеме дека користењето на личните податоци за купување on line, е целосно сигурно. Загарантирана е заштитата и договореното во процесот на продажба се доставува со квалитетот и цената. Продолжуваме не само во земјава, туку и во регионот да ја развиваме нашата платформа за on line продажба. Ќе претендираме и подлабоко, во Европа, бидејќи е тренд што е нужно да се следи - вели Јакимоска.

Кај граѓаните е намален сомнежот за користење на личните податоци, а потврда е довербата кон компанијата. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

489

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza