reklama

reklama

reklama

НЕМИРЕН ОДМОР ВО ПОБЕДА PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 201 пати.
Недела, 31 Декември 2017

Фудбал: Како никогаш досега

- По неофицијалните, следеа официјални информации со деманти

Moment od derbito so Vardar

Победа важи за клуб без големи потреси (барем такви се впечатоците и од подалечното и од поблиското минатото), така што треба да се разбере загриженоста кај навивачите зимава, поради разни информации за некакви негативни случувања. По нив следеа официјални обраќања, во кои има деманти. Еве дел од текстот во вторникот на фејсбук-страницата ,,ФК Победа Прилеп":

- Ниту имало состанок вчера ниту ќе има деновиве. Спонзорите не се откажале од клубот и продолжуваат да финансираат. Проблем е договорената сума што Општина Прилеп требаше, а се уште не ја исплатила. Ако тие пари стигнат на сметката на Победа, нема да имаме ниту денар долг. Сметката на клубот, меѓудругото, не е блокирана. Дали претседателот Ингилизов ќе остане да раководи со клубот или не, е само негова лична одлука. Сите овие текстови го нарушуваат реномето на клубот, кое последниве две години чесно го градевме од ,,нула", поради историските настани кои се случуваа во Прилеп со поранешните раководства и ,,чесни" фудбалски работници - се вели во обраќањето потпишано со ФК Победа.

Претходно, на истата фејсбук-страница имаше покусо обраќање. Еве дел и од него:

- Очигледно сме јаки само на збор и на пишување на ФБ, ,,печатите вратени". Наредната недела претседателот ќе има прес-конференција на која ќе информира за наредните чекори. Фокусирани сме на подготовките за наредната полусезона и на креирањето на ростер кој достојно ќе не претставува во ПМФЛ. Во моментов ниту еден играч не го напуштил клубот. Се останато е шпекулација. Ако има заинтересиран инвеститор или спонзор, да се јави на официјалните лица на клубот - е пораката на крајот.

Останува да се чека поволна разврска. Што побргу треба да се одлучи дали ќе се продолжи соработката со тренерот Славољуб Бубања. Треба совреме да се одреди датумот за првиот нареден собир, некаде по Божик. 

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com
 

484

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza