gototopgototop

reklama

reklama

reklama

ЖЕНА ПРАВИ БУРЕК PDF Печати Е-пошта
Прочитано : 7655 пати.
Сабота, 28 Мај 2016

- Ноќе врти бурек, а преку денот декорира торти  

1. Stevanoska  frla kori za burek

 

Зад вештата жена Габриела Стеваноска (42), која во Лешок со „Итар Пејо на Пивофест“ освои прво место за десерт, а второ за целосна декорација на трпеза, всушност се крие бурекчика, која денот го претвора во ноќ, а ноќта во ден, вртејќи бурек од 3 ч. наутро до 3 ч. попладне веќе 15 години. Стеваноска, како хемиски техничар и со дарба за цртање, не ни сонувала дека еден ден ќе стане бурекчика на која можат да í позавидат и мажите бурекчии. Зад себе има полно 15 годишно искуство во вртење бурек.

Идејата за сопствена бурекчилница "никнала" со преселбата во Тризла. Мажот í Бранко бил бурекчија со корен, заедно со брат му Жарко од Калимеро. Габриела немала никакво искуство. Почнала како продавачка, но од гледање го научила занаетот и кора по кора ги составувала и добивала бурек. Учител í бил сопругот, кој í бил инструктор и веднаш ја преземал работата во свои раце, ако не ја бидувала кората од првото фрлање.

- Грев ми беше за сопругот. Сам не можеше да стаса, а потребни беа финансии да се плати мајстор за бурек. Во тесно бевме, но кога ќе мораш да штедиш, сам ќе сработиш. Физички тешка е оваа работа. Болат раце, раменици, особено за Василица. Ја немам таа сила, ни висина како мажите. Но, посилна беше волјата и од гледање научив. По една кора, почнав да ги составувам - кажува Стеваноска.

Stevanoska najdobra za desert na Vesta zena

Не си бурекчија ако не знаеш да ги фрлаш корите во воздух.  Стеваноска го положила "испитот", но не од прва. Сега, за Василица "фрла" дури 100 - 120 тепсии бурек.

- Треба техника на вртење на кората. Се учев на киснато, оти се прави на истиот принцип. Но, само еднаш до двапати го фрлаш. Рефлекс е кога паѓа. Не ми се случило да ми падне на коса или на тело, но не било реткост да ми се вудвоса, да не можам да ја разделам. Десната рака го контролира вртењето на тестото, а левата го помага. Успевам да ја фрлам кората трипати, а мажот ми дури петпати. Третата и четвртата се ризични. Првата е најлесна, оти е како правоаголник и е најмала. Последната, четвртата е најголема, да ги преклопи сите други. И така се прави четврт бурек од 250 г. по стандардот - вели мајсторот за бурек Стеваноска.

Кога го плеска тестото, низ шега вели дека "мисли" на оној што ја изнервирал.

- Најбитно е брашното да е тип 400, а не дали е најскапо. Се меси во голем казан, и се прави комбинација од две брашна. Соодносот на мекото и острото брашно зависи од тоа колку сакаш да биде јако тестото. Чевардисувањето е особено битно, за да се стегнат убаво ѓузлемињата. Оти ако не се стегнати убаво, кога ќе ги плескаш за кори, се прави шуплина и се кине кората. Се намрсува со маргарин и масло, потоа следува плескањето. Еднаш до двапати, ако е помеко - појаснува бурекчиката.

Со бурекчилницата "Гонзо", вгнездена на крстосницата кај ОУ "Добре Јованоски", дневно трошат 100 - 150 банички. Сега имаат ангажирано и мајстор за бурек. Но, не негира дека семејниот бизнис сака максимален ангажман. Успева да излезе накрај и со домашните обврски. В лето, кога почнува работата по полињата, припомош им се и децата. Дваесетгодишната ќерка помага во продажбата, а помалата, полуматурантката, дури меша прсти во тестото.

- Кога ќе почне работата по полињата, особено тутунот, мораш до 1.30 ч. после полноќ сé да имаш спремно, бурек, пирошки, кифли... Тогаш небаре се "повампируваме". Никогаш не може да стане навика спиењето дење. Организмот има биоритам. Ако си одредиш ден за одмор, нема да работиш. Инаку нема крај овој занает. Не е сé во парите. На толку работа, истеруваме и десетдневен одмор - додава Стеваноска. 

Не е единствена бурекчика во градов, друштво и прави јатрва í Снеже, и неколку други, но е единствена бурекчика која воедно прави и вкусни торти. 

Zedno i vo bracnite i biznis vodite - Gabriela so soprugot Branko

ВЕШТА И ЗА ТОРТИ И СЛАТКИ 

На манифестацијата "Вешта жена" на која отсекогаш се воодушевувала како гостин, годинава на Габриела Стеваноска не само што í се потрефи да го покаже уметничкиот дар кој инаку го негува во домашни услови за роденденските торти, туку и ги надмина очекувањата. Беше првонаградена на регионалниот, а на државно "лапна" дури две награди. Изненадување била и можноста да се натпреварува.    

- Најмногу добив поени што не однесов готова декорација, туку само тестото испечено, ни исфилувано, ни ништо. Таму, на лице место декорирав. Се чудам сама на себи си што бев толку смирена при толкав притисок. Напротив, сите тие ситници што требаа да се дотераат, ме смируваа и исполнуваа - вели вештата Стеваноска. 

Со "Итар Пејо на Пивофест" го освои првото место за десерт, а второ за целосна декорација на трпезата.

Joomla Templates and Joomla Extensions by ZooTemplate.Com

НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ОВАА КАТЕГОРИЈА:

 

434

face

anketa

НАСЛОВНА

prognoza